Истражување: Во општините не постои добар пристап до услуги и услови за жените

Разликите помеѓу мажите и жените остануваат на многу високо ниво во области како вработувањето, економијата, политичкото учество, покажуваат податоците од Индексот на родова еднаквост на општините во Македонија.

Во општините не постои добар пристап до услуги и услови за жените како што се услугите  здравствената заштита, пристапот до градинки, институции за згрижување на возрасни лица, а нивото на вложувањата во програмите кои се однесуваат на родовата еднаквост останува на прилично ниско ниво.

Претседателката на „Реактор-Истражување во акција“ појасни дека Индексот покажува дека во многу голем дел од општините недостасуваат основни јавни услуги неопходни за жените.

– Она што дополнително загрижува е што Индексот покажува дека општините дури и кога имаат родово одговорни програми, честопати воопшто не се распределуваат буџетски средства за реализација на тие програми и поддршка на активности кои го подобруваат животот на жените во општините – рече Башевска.

Според податоците од Индексот, Општините Центар и Вевчани имаат најдобар пристап до градинки, а најлош Пласница, Арачиново и Студеничани.

Со Индексот се опфатени 81 општина и нивната работа во три главни области: родов јаз, соодветни услови и родово одговорна општина.