Иса Мустафа ќе биде премиер на Косово, Тачи – вицепремиер

Иса Мустафа, лидерот на Демократската лига на Косово и поранешен градоначалник на Приштина, ќе биде новиот премиер на Косово. Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија, ќе биде вицепремиер и министер за надворешени работи.
За овој коалициски договор треба да се гласа денеска попладне, на конститутивната седница на Собранието на Косово. Според договорот, политичкиот дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе го води премиерот, а техничкиот дијалог треба да го води министер без ресор.