Французите во вториот круг ќе избираат помеѓу Емануел Макрон и Марин ле Пен

Според првите неофицијални резултати од првиот круг од претседателските избори во Франција, кажани по затворањето на гласачките места, во вториот круг ќе се борат Емануел Макрон, со 23,7 отсто од гласовите, а по него е ултрадесничкарката Марин ле Пен, со 21,7 отсто од гласовите. Тие, доколку и официјалните резултати ги потврдат бројките, ќе се соочат на 7 мај.

Франсоа Фијон и Жан-Лук Меланшон добија по 19,5 отсто од гласовите, а кандидатот на социјалистите, Беноа Хамон,  6,5 отсто од гласовите.

Излезеноста на изборите е околу 77 отсто.