Француското министерство за надворешни работи ги осуди насилствата во Собранието

„Франција со голема загриженост ја следи состојбата во Република Македонија. Таа силно ги осудува насилствата што се случија вчеравечер во Собранието по изборот на неговиот претседател“, порача француското министерство за надворешни работи.

„Франција ги повикува сите страни да останат смирени и потсетува дека само конструктивен политички дијалог ќе овозможи трајно стабилизирање на земјата. Сите политички лидери мора да преземат одговорност и да го изберат патот на дијалогот. Франција смета дека е од суштинско значење почитувањето на Уставот, демократските принципи и институциите. Употребата на насилство само ќе доведе до зголемување на тензиите“, се вели во соопштението што го пренесе Амбасадата на Франција во Македонија.