Евакуирани 10.000 жители поради вулканска ерупција на Хаваи

Околу 10.000 жители на Хаваи се евакуираат принудно, поради новите ерупции на вулканот Килауеа.

На излевањето на лавата и пепелта од вулканот на островот Хаваи, најголемиот од сите острови на Хавајскиот Архипелаг, им претходеше  земјотрес со интензитет од 5 степени.

Властите стравуваат и од можноста лавата да дотече до куќите, но пред сè од сериозни последици по дишните патишта на луѓето и од задушување.

Еден очевидец вели дека видел како тече лавата како „завеса од оган“, како и дека почувствувал мирис на сулфур и запалени дрвја.