Димитров на 6 септември во дводневна посета на Германија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на 6 септември ќе замине во дводневна поета на Германија, каде ќе се сретне со германскиот министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел.

Главна тема на разговорите ќе биде планот „3-6-9“, неговата реализација и плановите на новите влада за подобрување на добрососедските односи, како и за враќање на земјата на евроатлантскиот пат. Засега не се знае дали спорот за името со Грција ќе биде разгледано на средбата, ниту пак за евентуалното вклучување на Германија во решавањето на проблемот.

Како што дознаваме од дипломатски извори, засега на агендата на дводневната посета на Димитров се наоѓа само средбата со Габриел, но не се исклучува можноста да има средби и со други германски политичари, како и со претставници на тинк-тенк организации.