Денеска сончево време со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер.

УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура се движеше од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 21 и 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура достигна до 17 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи до 29 степени.

Следува период на стабилно време, до петок ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло.
Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.