Денеска конгрес на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ќе го одржи 20. конгрес.

Конгресот ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, со почеток во 12 часот.

На конгресот ќе се обрати претседателот на партијата, Зоран Заев, кој по работниот дел ќе ги соопшти и донесените заклучоци и одлуки на делегатите.

На конгресот се очекува да присуствува и поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски.