Четири девојки се повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип – Струмица

Утрово околу 03.50 часот на магистралниот пат Штип – Струмица се случила сообраќајна несреќа во која, автомобил „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (21) од Штип, излетало од патот и удрило во две дрва кои се скршиле и паднале, при што бил оштетен автомобил „пежо 206“.

По несреќата, возачот и сопатничките М.Д. (19), М.П. (19), Т.Н. (18) и З.П. (19), сите од Штип, биле пренесени во болницата во Штип, каде што им била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите М.Д. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Возачот Д.З. е задржан на испитување во болницата во Штип. Увид на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, извршила екипа од СВР Штип.