Беснее пожар на планината Ловќен, во опасност е мавзолејот на Његош

На планината Ловќен во Црна Гора, неколку дена беснее пожар, а од утринава ситуацијата е критична бидејќи огнената стихија се приближува кон мавзолејот на Петар Петровиќ- Његош, кој се наоѓа на врвот на планината, јавуваат црногорските медиуми.

Во гаснењето на пожарот пристигнала и војската, како и хеликоптери и авиони на Министерството за внатрешни работи.

Огнот е проширен на целата планина, а активни пожари има и во Подгорица.