Белград најави помош за обнова на болниците, патиштата и школите за Србите на Косово

Владата на Србија утре ќе одржи заедничка седница со претставниците на српските институции од Косово на која, како што е најавено, ќе биде одобрен пакет помош за српскиот народ на Косово.

Директорот на владината Канцеларија за Косово, Марко Џуриќ, најави дека тоа ќе биде сеопфатен пакет помош и поддршка на српскиот народ на Косово наменет за обнова на клинички центар, патишта, болници, училишта и други установи.

На седницата ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.