Анѓушев: Економските политики се креираат според потребите на граѓаните и стопанството

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев беше главен говорник на

Вицепремиерот своето излагање го започна со краток осврт на политичките состојби во земјата пред и по формирањето на новата Влада. Тој истакна дека

Кај министрите во Владата постои високо ниво на ентузијазам и позитивен дух, што е препознаено и кај граѓаните, но и кај меѓународната заедница кои даваат голема поддршка за Владините политики, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на панелот „Македонија – вртење на нова страница“, кој се одржа во рамките на „Трансатлантскиот економски форум – Градење мостови на Медитеранот“.

Анѓушев рече дека резултатите од локалните избори се потврда за довербата од граѓаните на политиките и визиите на Владата, чии главни стратешки приоритети се членството во НАТО и ЕУ.

Вицепремиерот голем дел од своето обраќање одвоил за економските политики на Владата, истакнувајќи дека трите главни столба за економски просперитет се поддршката на стопанството, инвестиции во инфраструктурата и енергетската стабилност на земјата.

– Потребите на граѓаните и на македонското стопанство се приоритет на Владата и токму по тие потреби ги креираме економските политики, кои се главен фокус во работата на Владата – рече Анѓушев, додавајќи дека главна цел на Владата е да создаде стабилно бизнис опкружување за инвеститорите.

Анѓушев на крајот ги реафирмираше ставовите на Владата дека странските компании се добредојдени во Република Македонија и упати повик до компаниите од САД и од земјите од Медитеранот да размислат своите идни инвестиции да ги остварат токму во Република Македонија.