Зоран Караџовски избран за претседател на Судскиот совет

Судскиот совет денеска едногласно го избра Зоран Караџовски за нов претседател. За Караџовски гласаа сите 12 членови на советот. Тој денеска немаше противкандидат, за разлика од вчера, кога противкандидат му беше судијката Лидија Каначковиќ.

Караџоски беше кандидат на предлог на судијата Влатко Самарџиски, додека Каначковиќ беше предлог на претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Заменик на Краџовски во Советот ќе му биде Шемседин Јусуфи.

Мандатот на претходниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски, му истече на 21 април. Тој беше избран за член на Советот на 21 април 2010 година со мандат од шест години, а стана претседател на 13 март минатата година.

Претседателот на Судскиот совет се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од членовите со право на глас, со тајно гласање. Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор.