ЗНМ и УНЕСКО со анализа „Како до поефективна заштита од стратешки тужби против учеството на јавноста (SLAPP)?”

Авторите на публикацијата се д-р Жарко Алексов и м-р Жарко Хаџи-Зафиров, а денеска тие ги запознаа присутните со основните елементи на тужбата

-

Најчести тужители при „SLAPP” односно стратешките тужби против учеството на јавноста, се државни субјекти и политичари, како и претставници на бизнис секторот, се кажа денеска при презентација и анализа на темата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и УНЕСКО.

„Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) издаде публикација, прва од ваков вид во земјите од Западен Балкан, како до поефективна заштита од стратешки тужби против учеството на јавноста (SLAPP), за која сметавме дека е повеќе од потребно да биде направена бидејќи трендот на зголемување на ваков тип тужби последните години е сè позабележлив” кажа извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

Авторите на публикацијата се д-р Жарко Алексов и м-р Жарко Хаџи-Зафиров, а денеска тие ги запознаа присутните со основните елементи на тужбата.

Жарко Алексов говореше за методологијата при процесот на пишување, поточно за истражувачките активности, анализата на релевантните документи, што се SLAPP тужби, кои се основните елементи и кои се најчестите жртви, како и за бројот на SLAPP тужби во рамките на Европа.

Жарко Хаџи-Зафиров се задржа на праксата на Европскиот суд за човекови права кога станува збор за SLAPP тужбите, примери за овој вид тужби, кои се заклучоците и наодите од спроведените интервјуа, а сподели и препораки за постапување во SLAPP случаи од легислативен и практичен аспект.

Велат дека особено загрижувачки се последиците кои ги имаат овие тужби, а одат и во насока на цензура и загрозување на слобода на изразување.

Целта на проектот е со јавно говорење за предизвиците поврзани со стратешките тужби против учество на јавноста дополнително да се придонесе кон будното следење на негативните последици од нив врз јавниот интерес и правото на граѓаните да бидат информирани.

Целта на проектот е со јавно говорење дополнително да се придонесе кон будното следење на негативните последици од тужбите, врз јавниот интерес и правото на граѓаните да бидат информирани.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...