Жителите на загрозените подрачја ќе добијат пет слободни работни дена

Пет слободни работни дена ќе добијат сите жители од загрозените и поплавените подрачја за да се фокусираат кон расчистување на домовите, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев, кој заедно со министрите за труд и социјална политика и финансии Диме Спасов и Кирил Миноски се во посета на Стајковци, најпогоденото место од силното невреме.

Спасов информираше дека во моментов има доволно количини храна и вода кои на граѓаните ќе им се делат по населени места. Владата апелира до населението да соработува со тимовите кои се на терен и работат на санирање на штетите.