На отворањето на новата фабрика за преработка на месо и месни производи на компанијата „Тиамо“ во Сарај, премиерот Зоран Заев кажа дека со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, објекти зад чијашто изградба стои член на Советот на општина Охрид.

– Решението е издадено, следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите. Ако не постапи Општината, ќе постапи државата. Тоа не е само поради УНЕСКО, туку и поради законите во земјава кои треба да се почитуваат – истакна денес премиерот Зоран Заев.

Според премиерот Заев, сѐ уште можеби се гради зашто институциите треба да постапат по решението, но ако некој не го почитува решението, ќе следуваат соодветни мерки.