Заев и Солендил разговараа за актуелните состојби во двете земји

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска со амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Солендил, разговарал за актуелните состојби во двете земји.

– Посветени сме на демократизација на Република Македонија и дејствуваме во таа насока, да има регуларни избори во декември, на кои ќе биде избрана легитимна демократска влада преку слободно изразување на волјата на гласачите – рече Заев.

На средбата, како што стои во соопштението од СДСМ, станало збор и за односите меѓу двете земји.

– СДСМ ги поддржува демократските институции. Убедени сме дека е можно интензивирање на економската соработка меѓу двете земји во интерес на граѓаните и на Македонија и на Турција – рече Заев.

На состанокот Заев ја нагласил определбата на СДСМ за градење општество во кое сите граѓани на Македонија ќе имаат еднакви шанси и обврски според Уставот и законите, што е прецизно наведено и во програмата на СДСМ.

Турскиот амбасадор Солендил го информирал претседателот Заев за развојот на настаните во Турција.