Времето денеска сончево и ветровито

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне ќе дува умерен северен ветер, кој ќе ослаби во попладневните часови. Утринската температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде 10 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 22 степени.