Воени вежби на Кина околу Тајван како „казна“ за инаугурацијата на новиот претседател

Тајванското министерство за одбрана соопшти дека морските, воздушните и копнените сили се ставени во состојба на готовност, зајакната е безбедноста на базата, а на силите за воздушна одбрана и ракетните сили им е наредено да ги надгледуваат можните цели

-

Кина започна дводневни воени вежби околу Тајван, како „казна“ за, како што ги нарече, „сепаратистичките акти“ за одржување избори и инаугурација на нов претседател, јави Гардијан.

Кинеските државни медиуми објавија дека десетици борбени авиони на Ослободителната народна армија, кои носеле проектили, извршиле лажни напади врз „воени цели со висока вредност“, оперирајќи заедно со морнарицата и ракетните сили. Пропагандните снимки што се шират на интернет и кои беа објавени од државните медиуми, исто така ги споменуваат копнените балистички ракети „Донгфенг“, без да дадат информации дали биле искористени.

Како одговор на вежбите, Тајван ја обвини Кина за „ирационална провокација и нарушување на регионалниот мир и стабилност“.

Тајванското министерство за одбрана соопшти дека морските, воздушните и копнените сили се ставени во состојба на готовност, зајакната е безбедноста на базата, а на силите за воздушна одбрана и ракетните сили им е наредено да ги надгледуваат можните цели.

Овие вежби се прв одговор од Кина на инаугурацијата на Лаи Чинг-те како нов претседател на Тајван во понеделникот, а по победата на демократските избори во јануари. И Лаи и неговиот претходник Џаи Инг-вен се од про-суверенистичката Демократска напредна партија, која Пекинг ја смета за сепаратистичка.

Портпаролот на кинеската Ослободителна народна армија, Ли Кси, рече дека вежбите „ќе послужат како силна казна за сепаратистичките акти на силите за независност на Тајван и како строго предупредување против мешање и провокација од надворешни сили“, пренесе државната кинеска агенција Ксинхуа.

Кодното име на вежбата е „Заеднички меч – 2024А“, а аналитичарите сметаат дека суфиксот „2024А“ може да значи оти оваа година може да се очекуваат повеќе кинески вежби насочени кон Тајван.

Пекинг тврди дека Тајван е провинција на Кина и вети дека ќе ја припои, доколку е потребно, и на сила. Тајванската влада најави зајакнување на одбраната, истовремено повикувајќи ја Кина да престане со заканите и да се врати на дијалогот. Големо мнозинство од граѓаните на Тајван се противат на можноста за владеење на Кинеската комунистичка партија.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...