Во судир на кинески бродови исчезнаа 17 лица

Седумнаесет лица исчезнаа во Источното Кинеско Море откако кинески рибарски брод се судри со странски товарен брод и потона, соопшти кинеската крајбрежна стража.

На рибарскиот брод, во моментот на несреќата се наоѓале 19 лица, а двајца од нив биле спасени од рибарски бродови кои биле во близина.

Во тек е спасувачка акција за пронаоѓање на исчезнатите.