Во најава нова игра со Лара Крофт до крајот на годината: Tomb Raider Next

Моментално на Steam сите Tomb Raider игри се на огромен попуст до 11 јули како дел од летната распродажба

Главната протагонистка на Томб Рајдер игрите, Лара Крофт | Фото: Square Enix

Покрај тоа што Tomb Raider франшизата е многу популарна, одамна немала ново издание. Најавен е најнов дел од играта што би требало да излезе годинава и ќе се вика Tomb Raider Next. Играта ќе биде продуцирана од Амазон, кои работат и на нов анимиран филм односно серијал на истата тема. Но, наводно нема да бидат поврзани. Моментално на Steam сите Tomb Raider игри се на огромен попуст до 11 јули како дел од летната распродажба, се продаваат посебно и во пакет.

Кристоф Хартман од Амазон прокоментира за Variety за примерот на играта Marvel’s Spiderman (игри за кои имаме и претходни написи) која не е директно врзана за филмовите, а функционира во синергија и дека тоа не е проблем за интермедијална поврзаност иако не се врзани тематски директно. Истата тактика ќе биде применета за најновата Tomb Raider игра и за анимираната серија.

Тоа што се знае за најновата Tomb Raider е дека Лара Крофт ќе добие измена на изгледот што ги здружува првичниот и најновиот стил на ликот за разлика од претходните игри. На главниот вебсајт фановите имаа задача да решат „загатка со глифови“ за да им се открие најновиот изглед на Лара.

 

По појавувањето на Bundle-от со скинот и изгледот на Лара Крофт во Call of Duty Warzone играчите се нестрпливи да видат целосна нова игра со нивната омилена протагонистка.

Од почетокот на годинава Игрите Tomb Raider 1,2 и 3 добија свои ремастер верзии-каде имаше предупредување за употреба на расни и етнички стереотипи на ликови што како што девелоперите предупредија и истакнаа дека „се задржани за да се истакне нивниот негативен импакт“. 

Но, од 2018 година по играта Shadow of the Tomb Raider не е излезена нова Tomb Raider игра. Лара Крофт како лик е еден од најомилените ликови особено кај женската популација гејмерки иако е и една од најиграните игри со женски главен лик и од машки гејмери токму поради тоа што се работи за серијал на квалитетни игри со загатки, борби, акробации и истражување. Таа е секогаш проследена со интриганти приказни а во подконтекстот е навестувањето за постоење на развиени цивилизации во далечна историја чии артефакти ги откривате во вид на предмети на моќ по гробници, храмови и пештери.