Во Италија запленета дрога на Исламска држава вредна 50 милиони евра

Во Италија се запленети повеќе од 24 милиони таблети синтетички опијати, чија вредност се пронесува на 50 милиони евра.

Италијанските власти тврдат дека екстремистите на Исламска држава планирале со парите од продажбата да финансираат напади на повеќе места во светот.

Апчињата ги заплениле припадниците на финансиската полиција и на царината во најголемото италијанско пристаниште Џоја Тауро, стои во соопштението на претседателот од локалниот суд.

Објавена е и видеоснимка на која се гледа како полицијата отвора контејнер полн кутии „трамадол“, јак лек против болки кој може да се добие само на рецепт.

Меѓународните истражители соопштија дека дрогата припаѓа на Исламска држава.

Обвинителот истакнал дека со продажбата на дрога раководела Исламска држава.

Како што се наведува, дел од парите заработени од продажбата на дрогата требало да се користат за финансирање екстремистички групи во Либија, Сирија и во Ирак.