На брод во Италија се задушиле над 40 мигранти

Повеќе од 40 мигранти починале од задушување на брод во Средоземното море кој пренесувал 400 мигранти, соопшти италијанската крајбрежна стража.

„Во тек е операција за спасување. Голем дел од мигрантите се спасени. Најмалку 40 загинале“, соопшти крајбрежната служба.

Според податоците на високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, 250.000 мигранти оваа година стигнале до Европа преку морски пат, од кои 124.000 во Грција и 98.000 во Италија.