ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години си поигрува со чувствата на болните и на нивните семејства

Вчера јавноста ги виде на дело резултатите од лагите, омразата и од гневот што СДСМ и инсталациите на Сорос во граѓанското општество со години свесно ги подгреваат против ВМРО-ДПМНЕ, стои во редовното утринско соопштение на опозициската партија.

„СДС и соросовите платеници со години хистерично лажеа и спроведуваа хајка против Тодоров нарекувајќи го „масовен убиец“ и „министер за смрт“. СДС и соросовите платеници со години манипулираа и си поигруваа со чувствата на болните и на нивните семејства. Безобразно и ниско поттикнуваа омраза, без никакви аргументи. Исходот од ваквото срамно однесување го видовме. Бараа крв и малку недостигаше да ја видат. Малку недостигаше човечки живот да биде загубен, а две деца да останат сираци само поради деструкцијата што ја ширеа СДС и Сорос“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции во најкус можен рок да ги расчистат случаите и соодветно да ги санкционираат сторителите, поттикнувачите, помагачите и нарачателите.

„СДС треба да знае дека власта е дадена на определено време. Одговорност ќе има за секое криминално дејство и од тоа не може да ги спаси никој“, се вели во соопштението.