Владата ја утврди годишната Национална програма за членство во НАТО

Влада на денешната 41. седница го разгледа и го утврди предлог-текстот на годишната Национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година, како документ отворен за понатамошна надградба.

„На седницата се донесе одлука делегацијата на Македонија да ја претстави годишната Национална програма за членство во НАТО за 2017-2018 година, пред Комитетот на заменици постојани претставници на земјите членки во алијансата, на состанокот закажан за 11 декември 2017 година во Брисел“, стои во соопштението од владината прес-служба.

Со презентацијата на Националната програма и официјално ќе почне 18. циклус на Акциониот план за членство во НАТО.