Владата иницираше законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Владата на 101. седница иницираше измени на Законот за здравствена заштита и благосостојба на животните.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е задолжено заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со ЗЕЛС, како и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени за да се надмине проблемот со бездомните кучиња“, се вели во соопштението на Владата.

Оваа реакција на Владата следуваше по маршот за похуман однос кон бездомните животни, но и трагедијата која се случи во Гостивар, кога 17-годишна девојка се удави во Вардар бегајќи од куче-скитник.