Величковски: Проблемите не се решаваат со популизам, администрацијата да се намали

„Во моментот немаме претстава колку вработени има во администрацијата. Но, ако се потврди партиската превработеност во администрацијата, нема да има избор. Нема да ја консолидираме државата без консолидација на јавните финансии. Тоа значи промена на принципот и на ефикасноста на субвенционирањето од земјоделството до јавниот превоз. Истото се однесува и на администрацијата. Никој не сака отпуштање, но тоа што ќе мора да се направи ќе го направиме“, изјави претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, при средбите во текот на посетата на Струмица синоќа.

Тој се согласи дека граѓаните имаат право да ја знаат реалноста, а политичарите имаат обврска да се соочат со тешкотиите, наместо само да бркаат привилеги.

– Децении наназад се даваат ветувања за тоа како ќе се трошат јавните пари. Нам целта ни е граѓаните, семејствата, да заработат и да акумулираат повеќе, a државата да прибира и да троши помалку јавни средства и тие што ќе ги употреби да бидат рационално наменети – додаде Величковски.