Утврдени посебни правила за дебатата на Бајден и Трамп на 27 Јуни

И двајцата кандидати ја прифатија поканата на медиумот и се согласија да го прифатат форматот на дебатата, а Си-Ен-Ен објави и дополнителни детали за правилата кои беа прифатени

Фото: Joe Biden: Gage Skidmore from Peoria, AZ, United States of America (source: Joe Biden); User:TDKR Chicago 101 (clipping)Donald Trump: Shealah Craighead (source: White House)Сombination: krassotkin, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот противник, поранешниот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат на прва дебата пред претседателските избори во САД, организирана од Си-Ен-Ен на 27 Јуни во Атланта. И двајцата кандидати ја прифатија поканата на медиумот и се согласија да го прифатат форматот на дебатата, а Си-Ен-Ен објави и дополнителни детали за правилата кои беа прифатени.

Дебатата ќе трае 90 минути со две паузи за реклами, а персоналот на кампањата нема да комуницира со својот кандидат во тој период. Двајцата кандидати се согласија да се појават на еден подиум, а нивните позиции на подиумот ќе се одредат со фрлање паричка. Микрофоните ќе бидат исклучени во текот на дебатата, освен на кандидатот чиј ред е да зборува. Иако нема да бидат дозволени однапред напишани белешки на сцената, на кандидатите ќе им се даде пенкало, хартија и шише вода.

Некои аспекти на дебатата вклучувајќи го и отсуството на публика во студиото ќе бидат отстапување од практиката при претходните дебати. Но, како и претходно, модераторите ќе ги користат сите алатки што им се на располагање за да обезбедат цивилизирана дискусија.