Уште денеска дождливо време, од утре сончево и стабилно

Времето денеска ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната температура од 20 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура до 27 Целзиусови степени.

Од петок под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите. Локално во попладневните часови ќе има пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.