Умерено облачно време со умерен до засилен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура се движеше од -2 до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 13 до 22 степена.

Во Скопје, слично време, умерено облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Викендов ќе преовладува стабилно и потопло време, со умерена облачност.

Од понеделник кон крајот на денот ќе има нови локални врнежи од дожд.