Црвениот крст одбележува 70-годишен јубилеј

70 години од основањето и 20 години од полноправното членство во Меѓународната федерција на друштвата на Црвениот крст и на Црвената полумесечина, денеска одбележува Црвениот крст на Република Македонија.

Црвениот крст на Република Македонија ќе го одбележи јубилејот вечерва, со свечена академија, чиј покровител е претседателот Ѓорге Иванов.

Оваа година Црвениот крст ќе организира повеќе настани на национално и на локално ниво, на кои ќе бидат презентирани предизвиците и успесите на организацијата во изминатите години.