Цените на безалкохолните пијалаци зголемени за 0,3 отсто

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2015 година, во споредба со јули 2015 година, остана на исто ниво, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,3 отсто, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,4 отсто.