Тридневна жалост во Непал поради загинувањето на 4.300 лица

Непалската влада прогласи тридневна жалост поради загинувањето на повеќе од 4.300 лица во разорниот земјотрес што во саботата ја погоди сиромашната земја под Хималаите.

Според последните информации, во земјотресот загинале 4.353 лица, а доброволците четврти ден по ред бараат преживеани под урнатините и ископуваат тела на загинати во потресот со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала.

Обединетите нации проценуваат дека со земјотресот се погодени осум милиони Непалци.

– Не бевме подготвени за трагедија од вакви размери. Немаме средства и ќе ни биде потребно повеќе време за да дојдеме до нив – рече министерот за внатрешни работи, Бам Дев Гуатам.

Многу жители на главниот град Катманду и понатаму спијат и живеат на јавни површини. Луѓето се жалат дека остануваат без отребните продукти и гас и ја обвинуваат владата дека не прави доволно за да им ги обезбеди основните работи на својот народ.

Портпаролот на министерот за внатрешни соопшти дека никаква помош не е стигната до оддалечените села во трите округа кои беа тешко погодени од земјотресот.