ТОП 7 Најдобри трејлери од видео игри што вреди да се видат

Фото: Florian Olivo, Unsplash

Ви претставуваме ТОП 7 трејлери и „синематици“ од видео игри што ги сметаме за меѓу најдобрите досега низ развитокот на видео-игрите. Некои од нив се понови, некои постари, некои се со графички обновени верзии, други во оригинал. Повеќето што не се променети се толку добри синематици што стареат како добро вино и сè уште изгледаат одлично. 

  1. STAR WARS: The Old Republic “Betrayed” Cinematic Trailer

Ова е подолг трејлер со приказна за мајка и ќерка кои се сензитивни на Силата во Star Wars универзумот. Вреди да се погледне бидејќи е одлично сработен. 

  1. Witcher 3 The Wild Hunt Cinematic Killing Monster

Темата на овој трејлер е во една поширока смисла ловење чудовишта, што и е професијата на Вичерот. Спасувањето на вештерката од луѓе-нелуѓе -монструми што сакаат да ја линчувааат и убијат само по себе носи повеќезначни пораки. 

  1. Warcraft 3 Cinematic Arthas Betrayal

Своевремено овој синематик од играта Warcraft 3 која доби и римејк наречен WC3 Reforged се однесува на лудилото што проколнатиот меч Фросмурн го трансформира херојот принц Артас Менетил во гладен за моќ “витез на мртвите” што предизвикува да направи патрицид за да стане крал.  

  1. Soul Reaver Intro Cinematic

По маркантните игри за Legacy of Kain играта и серијалот Soul Reaver беа своевремено една од најпопуларните игри произведена од фирмата Eiodos истата фирма што ја изработи Tomb Raider. Играта е многу игрива и со посебна атмосфера и приказна, а и борбите беа добро направени. Како и посебните механики и решавање загатки.  

  1. The Elder Scrolls Online -The Alliances Cinematic Trailer

Станува збор за графички ненадминат трејлер со одличен приказ на различни фантазиски борци и мажи и жени херои. Одлично сработена воодушевувачка анимација а самата игра Elder Scrolls Online е една од најконстантно населените игри и секогаш има многу играчи со години наназад и тоа од повеќе квалитетни причини околу самата игра. 

  1. World Of Warcraft: The Burning Crusade Cinematic Trailer

Трејлер којшто инспирира со користење на фразата You are Not Prepared дури и во комичен аспект на многу форуми. Во The Burning Crusade за првпат се појавија Blood Elves и расата Дранеи. Многу од фановите со години се жалеа зошто немаше уште тогаш опција за играње Demon Hunter. Но, реално Bloodelf Paladin како прв додаток на паладин за Хорда беше една од најиграните комбинации во играта. И до ден-денешен доста се игра оваа комбинација на WoW.  

1.YAIBA: Ninja Gaiden Z E3 Trailer (PS4) | E3 2013

Овој трејлер некои гејмери го сметаат за најдобриот трејлер во историјата гејмингот. 

Со развојот на Unreal Engine 5 се очекува во иднина изработаката на трејлерите за игрите да бидат уште пософистицирани.