Тимот на Обама направи погрешна проценка за Арапската пролет, смета директорот на ЦИА

Директорот на ЦИА, Џон Бренан, смета дека администрацијата на американскиот претседател во заминување, Барак Обама, погрешно ги предвидела последиците од Арапската пролет.

– Мислам дека во Вашингтон, вклучувајќи и одредени претставници на администрацијата, имаа многу нереални очекувања дека Арапската пролет ќе ги задуши авторитарните режими и дека ќе почне да цвета демократија, затоа што тоа народот го сака – изјави Бренан.

Тој додаде дека концептот демократија во реалноста не бил вкоренет во многу луѓе, култури и земји.

Претходно, првиот човек на ЦИА наведе дека повлекувањето на американската војска од Ирак во 2011 година придонело за формирање и за јакнење на терористичката организација Исламска држава.