„ТикТок“ се приклучува кон Кодексот на ЕУ против говор на омраза

Фото: Antonbe, Pixabay

Социјалната мрежа „ТикТок“ ќе се приклучи на Кодексот на однесување на Европската унија за борба против говорот на омраза преку Интернет, соопшти Европската комисија.

Одлуката „ТикТок“ да се приклучи, покрај „Фејсбук“, „Мајкрософт“, „Твитер“, „Јутјуб“, „Инстаграм“, „ДејлиМоушн“ и „Снепчет“, ја поздрави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Потпретседателот на Комисијата за вредности и транспарентност, Вера Jурова истакна дека ова е позитивен чекор и добро е што „ТикТок“ како апликација фаворизирана од млади корисници кои се особено ранливи на злоупотреба на Интернет и говор на омраза донесе одлука да го потпише кодексот.

„Секако, очекувам „ТикТок“ да се придржува не само на принципите на Кодексот, туку и целосно да го почитува европскиот закон кога работи на европско тло“, рече Јорова.

Шефот на „ТикТок“ за доверба и безбедност за ЕМЕА, Кормак Кинан потенцираше дека крајна цел е да се елиминира омразата кон оваа апликација.

„Признаваме дека ова може да изгледа несовладлив предизвик бидејќи светот е се повеќе поларизиран, но веруваме дека ова не треба да нè спречи да се обидуваме” изјави тој.

Инаку Кодексот кон кој се приклучува „ТикТок“ постои уште од 2016 година.