недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: жени жртви на насилство | 12 резултати

Непостоењето прифатилиште за жените-жртви на насилство во Полог го третираме во новата епизода на „Шорткат“

29 септември 2022

Полошкиот плански регион е единствениот во земјава каде што жените-жртви на насилство немаат прифатилиште за нивно засолнување. Акутниот проблем со којшто се соочуваат жртвите од Полог е главната тема која што ја обработуваме во најновата епизода на емисијата „Шорткат“. Во емисијата за млади информираме и за еколошката иницијатива на „Еко-свест“ за правна заштита на реката […]

Во Полошкиот регион нема ниту еден шелтер центар, жените – жртви на насилство се згрижуваат во другите градови

25 април 2022

„Насилство врз жените се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање вклучувајќи и закани за такви акти“, се наведува во члeнот три на Конвенцијата на Советот […]

Првата дама: Справувањето со насилството врз жените и девојките – наша обврска и одговорност

9 декември 2021

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, учествуваше на панел дискусијата „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – Што ќе се промени во пристапот за спречување и заштита од насилство врз жените?“ oрганизирана од Канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика […]

Воспоставени 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени-жртви на насилство

29 ноември 2021

Во функција за поголема поддршка на жените-жртви на насилство, во изминатиов период Министерството за труд и социјална политика работеше на воспоставување на 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство во 6 плански региони. „Факт е дека пред нас имаме уште работа, пред се во унапредувањето на услугите, мултисекторскиот […]

Платформа за родова еднаквост: Бараме контрола врз работата на обвинителите кои не доволно стручно и професионално ја вршат функцијата (галерија)

24 февруари 2021

Бараме ефикасна и ефективна заштита на жртвите на родово засновано насилство. Затоа, Љубомир Јовевски, јавен обвинител на РСМ и Ацо Колевски претседател на Советот на јавни обвинители ве потсетуваме на обврската за навремено и ефикасно кривично гонење на сторителите согласно кривичниот законик, порачаа денеска на прес-конференција пред Основното јавно обвинителство од Платформата за родова еднаквост, […]

Платформа за родова еднаквост: Бараме резултати за случајот „Јавна соба“ до 8 март, во спротивно ќе протестираме

17 февруари 2021

Очекуваме кривичен прогон на сторителите на случајот „Јавна соба“ и за полнолетните жртви на случајот, а не само за делото „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Бараме итна испорака на резултати на нашите барања, со рок до 8 март, кои ќе ни покажат дека конечно преземате мерки и започнувате со нивна реализација, во спротивно ќе […]

Протест за Јавна соба: Не ни требаат ветувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите (галерија)

3 февруари 2021

„Јавна соба е кривично дело“, „Држава што угнетува е држава што силува“, „Ти не си виновна“ се дел од паролите на денешниот протест за случајот Јавна соба пред Министерството за внатрешни работи. Оттаму граѓаните се упатија кон Скопското јавно обвинителство каде од институциите побараа санкционирање на сторителите, поддршка за жртвите, но и вметнување на онлајн […]

Создадена прва мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”

21 декември 2020

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) заедно со УНДП ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски. Апликацијата ќе им помогне на жртвите на семејно насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и […]

Страна 1 од 1