Таг: новинар
таг: новинар
Заев и Мицкоски во домашна изолација, имале контакт со новинар заболен од корона
Министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес-конференција објави дека лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација бидејќи имале контакт со лице заболено од корона вирусот.
- По информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот, кој новинар во...
Апликациите ја олеснуваат новинарската работа во време на корона вирусот
Дописничката работа за национален медиум, подразбира многу теренска работа и многу патување, особено кога се работи за покривање на поширок регион, како што е тој на новинарката Александра Ристевска од Штип. Како телевизиски новинар, на снимање е заедно со својот снимател, со кого деновиве се принудени да ја сменат работната рутина и да се прилагодат на овие вонредни услови...
Пред очите на светските историчари, новинар сака да ја побугари Охридската архиепископија
Средбата на техничкиот премиер Оливер Спасовски поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев со Цариградскиот патријарх Вартоломеј, предизвика одгласи во балканските медиуми, коишто во најголемиот дел поприлично суво и технички ги пренесуваа соопштенијата од македонската влада и, се разбира од Цариградската патријаршија, како и вестите во македонските медиуми. Иако, изненадувачки, дури и такви портали или новински агенции со...
ЗНМ ги осуди навредите на портпаролот Димче Арсовски кон новинарот Фуркан Салиу
Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува „непримерната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски упатена кон новинарот на ТВ „Клан“, Фуркан Салиу“.
„Денеска Арсовски преку својот профил на Фејсбук, јавно го обвини новинарот Салиу за ширење на национал-романтизам и лажни вести. Понатаму тој го обвинува колегата Салиу дека во пресрет на изборите одработува одредена агенда за СДСМ. ЗНМ...
Стеван Дојчиновиќ, основачот на КРИК вратен од ОАЕ – требало да учествува на конференција на ОН за корупцијата
Стеван Дојчиновиќ, уредник и основач на Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК) и регионален уредник на Известувачкиот проект за организиран криминал и корупција (OCCRP) синоќа и ноќеска бил задржан во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), под изговор дека е на „меѓународна црна листа“ и дека не може да влезе во земјата, но не му било соопштено ништо повеќе...
Почина поранешниот новинар и основач на „Макфакс“, Ристо Поповски
Ристо Поповски, еден од најпознатите македонски новинари, почина вчера на 74 години, по кратко боледување.
Во долгата и богата кариера, Поповски работел како новинар за Радио Скопје и новинската агенција Танјуг, а бил и дописник од Москва за време на историските промени на почетокот на 90-тите години. Toj е автор на првата вест во светот воопшто за почетокот на распаѓањето...
ССНМ: Кога новинарите вербално ќе бидат нападнати, колегите да го напуштат настанот
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници - ССНМ најостро го осудува насилното и примитивно однесување на членот на Управниот одбор на Кластерот за текстил, Сашко Станоевски кон новинарот на телевизијата „Алсат - М“, Иле Петрески на прес-конференцијата, во моментот кога тој постави легитимно новинарско прашање.
„За жал, повторно имавме можност да посведочиме на каков третман се изложени новинарските екипи...
Рускиот новинар Бабченко, кој беше силен критичар на Путин е убиен во Киев
Рускиот новинар, Аркади Бабченко e убиен во Киев во својот стан, соопшти украинската полиција и наведе дека најверојатно бил мета поради работата што ја работел.
Неговата сопруга го пронашла ранет и повикала служба за Итна медицинска помош, но тој починал по пат.
Шефот на киевската полиција изјавил дека „прва и најочигледна верзија“ е дека врз Бабченко било пукано поради неговите професионални...
ВМРО-ДПМНЕ го осуди обидот за замолкнување на медиумите
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение „најостро го осуди однесувањето на МНР“ и „обидот за замолкнување на медиумите професионално да си ја вршат својата новинарска работа“ во врска со вчерашниот настан кога службеник од МНР се обидел да го спречи новинарот на „ТВ 21“ да постави прашање на прес-конференцијата со Метју Нимиц.
„Упатените закани за одземање на акредитација се несфатливи и недозволиви за една...
МНР се извини за „несоодветниот однос“ кон новинарот на „ТВ 21“
На прес-конференциите во МНР, особено кога има меѓународни претставници каде нивната агенда го ограничува времето на настанот, објективно немаме можност да обезбедиме простор сите прашања да се постават на лице место, велат од Министерството за надворешни работи за вчерашниот настан кога службеник од МНР се обидел да го спречи новинарот на „ТВ 21“ да постави прашање на прес-конференцијата со...
СЕММ ги осуди заканите на службеник на МНР кон новинар на „ТВ 21“
Советот за етика во медиумите на Макединија (СЕММ) го осуди однесувањето на претставник на Министерството за надворешни работи, кој на вчерашната прес-конфернеција на медијаторот, Метју Нимиц се обидел да го спречи новинарот на „ТВ 21“, Фуркан Салиу да постави прашање, како и заканите за одземање на неговата акредитација.
„За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да...
Убиен новинар во Мексико додека гледал училишна претстава на своето дете
Мексикански новинар е убиен за време на божикна приредба во основно училиште во градот Халапа, во сојузната мексиканска држава Веракруз.
Како што соопштија безбедносните сили, неидентификувани напаѓачи го убиле 34-годишниот новинар Гумаро Перез Агиландо, додека ја следел приредбата на своето дете и тоа пред очите на десетици родители и деца.
Гувернерот на Веракруз, Мигел Анхел Јунес, го осуди нападот и рече...
СЕММ: Државата да не се меша во саморегулацијата на медиумите
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска порача дека ниту една влада или политичка партија не треба да одлучува во име на медиумите, реагирајќи на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Според СЕММ, мора да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите, кој сè повеќе се прифаќа.
„Поставувањето какви...
Истепан главниот и одговорен уредник на косовскиот портал „Инсајдери“
Главниот и одговорен уредник на косовскиот портал „Инсајдери“, Вехби Кајтази, бил нападнат денеска во центарот на Приштина. Тој добил тупаници в лице и по нападот побарал лекарска помош.
Кајтази вели дека знае кој го нападнал и дека мотивот е тоа што го пишувал, но поради полициската истрага не смее да го открива идентитетот.
- Знам кој ме нападна и овој случај...
Во Шпанија уапсен турски новинар и писател
Шпанската полиција во Барселона го уапсила турскиот новинар и писател Хамза Јалчин, кој има шведско државјанство.
Јалчин е уапсен врз основа на меѓународна потерница која за него ја распиша Турција за наводен тероризам.
Портпаролот на полицијата, Хозе Антонио Нин, изјави дека Јалчин е уапсен на 3 август на аеродромот во Барселона и оти е во притвор до рочиштето на кое треба...
На барање на обвинителството, судот му го укина притворот на Зоран Божиновски
На барање на јавното обвинителство, Кривичниот суд Скопје му го укина притворот на новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена.
Како што соопшти денеска Основниот суд Скопје 1, судијката Ленка Давитковска, која го суди предметот против Божиновски, на денешната главна расправа го прифатила предлогот на јавниот обвинител за укинување на притворот.
На Божиновски, додаваат од судот, наместо...
ЗНМ повика да биде ослободен Зоран Божиновски
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Од здружението порачуваат дека долгиот притвор веќе не е во функција на судскиот процес, туку се претворил во своевидна казна за новинарот.
„Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата...
Новинар од „Порталб“ доби закани по објава на текст за Блерим Беџети
Новинар што работи во порталот на албански јазик „Порталб“ (portalb.mk) денеска доби закани, откако на овој медиум беше објавен текст за можни злоупотреби на службената положба од страна на поранешниот министер за правда и поранешен градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети.
Случајот бил пријавен во полиција, а биле известени и Здружението на новинари, Делегацијата на Европската Унија, како и други надлежни органи.
Во...
Новинар уапсен во Тирана поради повик за убиство на евроамбасадорка
Албанската полиција соопшти дека го уапсила 51-годишниот новинар Кастриот Мифтарај поради повици на насилство против Романа Влахутин, шефица на Делегацијата на Европската Унија во Тирана.
Мифтарај е спроведен од припадници на антитерористичките единици на полицијата во полициска станица, откако објави коментар против Влахутин на својата фејсбук-страница. Тој ја нарекува евроамбасадорката „терорист“ и вели дека нејзиното убиство би било „антитерористички чин“.
Мифтарај...
„Цивил“: МВР да ги спречи нападите врз новинари, активисти и врз јавни личности
„Цивил“ – Центар за слобода го осуди физичкиот напад врз новинарот на Телевизија 24 во текот на протестите вчеравечер.
„Ова не е изолиран инцидент и станува очигледно дека насилството е дел од имиџот на протестите од самиот почеток. Се тепаат новинари кои ја вршат својата работа, да ја информираат јавноста за настаните. Се напаѓаат активисти за човекови права и јавни...