fbpx
Таг: новинар

таг: новинар

Погребот на новинарот Владе Ѓорчев во 13 часот на гробиштата во Ѓорче Петров

Погребот на новинарот на „Мета“, Владо Ѓорчев, кој вчера ненадејно почина, ќе биде во 13 часот на гробиштата во Ѓорче Петров. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 12 часот. Владо Ѓорчев, беше новинар и уредник во новинската агенција „Мета“, а во исто време беше активен соработник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ и на „Вистиномер“. Ѓорчев беше познат...

Ненадејно почина Владо Ѓорчев, новинар и уредник во „Мета“

Во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот колега Владо Ѓорчев, новинар и уредник во новинската агенција „Мета“. Тој беше дел од редакцијата на „Мета“ од нејзините почетоци, а во исто време беше активен соработник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ и на „Вистиномер“. Ѓорчев беше познат новинар и уредник и работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и „Вечер“, „Време“, „Шпиц“,...

Во Турција уапсен француски новинар

Турската полиција синоќа уапсила француски новинар додека правел репортажа во југоисточниот округ Газиантеп, јавија француските медиуми. Новинарот Оливие Бертран, како што соопшти директорот на интернет-медиумите „Ле зур“, Изабел Робертс, бил приведен без каква и да било причина. Робертс ги повика турските власти веднаш да го ослободат Бертран.

МВР поднесе две прекршочни пријави против напаѓачот на новинарот Беловски

Министерството за внатрешни работи поднесе две прекршочни пријави против К.П. од Скопје за нападот на Павле Беловски, новинарот од телевизија „Телма“. „Вчера околу 21 часот, на улица Димче Мирчев, пред главната капија на МВР, Б.П. (29) бил физички нападнат од К.П. (32) од Скопје, при што повеќепати бил удиран со раце и со нозе во главата и по телото и...

Партиите и здруженијата го осудија нападот врз новинарот Беловски

По вчерашниот напад врз новинарот Павле Беловски со соопштенија во јавноста се јавија Самостојниот синдикат на новинари во Македонија, а став изнесоа и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ССНМ најостро го осудува нападот врз новинарот кој без никаква причина беше жртва на физичко насилство пред седиштето на МВР. „Сакаме да ја потсетиме јавноста дека станува збор за шести напад врз новинар на место...

Новинар на „Телма“ нападнат пред зградата на МВР

Новинарот на телевизијата „Телма“, Павле Беловски, вечерва бил физички нападнат од непознато лице пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР), непосредно пред да се вклучи во живо во последното издание на вестите, јави телевизијата. Напаѓачот му се доближил на новинарот и почнал да го удира со тупаници. Новинарот не бил повреден, а неколкумина полицајци кои биле во близина, веднаш...

Одложено судењето за „Шпион“

Денешното рочиште во случајот „Шпион“, на кое исказ требаше да даде новинарот Зоран Божиновски, е одложено поради тоа што била болна судијката Сандра Крстиќ. Таа побарала замена, па на нејзино место судот ја постави судијката Ленка Давитковска. Божиновски од минатата недела почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес.

Јордански новинар убиен поради антиисламска карикатура

Вооружен напаѓач го уби истакнатиот јорданскиот новинар и писател Нахед Хатар пред судот каде новинарот се соочил со обвинение дека објавил карикатура која се смета за навреда на исламот, јави јорданската државна агенција „Петра“. Очевидци велат дека непознатиот маж отворил оган пред зградата на судот во квартот Абдали, во главниот град Аман. Педесет и шестгодишниот Хатар е убиен со три куршуми,...

Одложено судењето на новинарот Зоран Божиновски

Кривичниот суд денеска го одложи рочиштето од судењето на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“, јавува „Нова ТВ“. Судијката Александра Крстиќ посочи дека иако судот поднел барање до Апелацискиот да се достават сите доказни материјали поврзани со предметот, сè до почнување на денешното рочиште Апелацискиот суд не го направил тоа. Судијката Крстиќ рече дека токму поради ова, донела наредба Божиновски воопшто да...

ЗНМ в четврток ќе протестира за ослободување на новинарот Зоран Божиновски

Пред Основниот суд Скопје 1, Здружението на новинари на Македонија ќе протестира  на 1 септември, за кога е закажано првото рочиште на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“. „На 22 август, управниот одбор на ЗНМ усвои одлука на 1 септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се одржува првото судско рочиште од судењето на новинарот Зоран Божиновски“,...

Руски новинар пронајден мртов во Украина

Рускиот новинар Александар Шчетинин е пронајден мртов во својот стан во Киев, соопшти украинската полиција. Како што се наведува во соопштението, Шчетинин е пронајден мртов на балконот од станот, со прострелна рана во главата, а се претпоставува дека смртта настапила во саботата вечер. На местото на злосторството пронајден е пиштол со соодветни куршуми, а влезната врата била заклучена. Полицијата би можела овој...

СЈО бара да го преземе случајот за Зоран Божиновски поврзан со „Шпион“

Специјалното јавно обвинителство денеска испратило барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за преземање во своја надлежност на случајот против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. „Ова Јавно обвинителство денеска достави барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З.Б., кој неодамна беше...

Талески од куќен притвор се заканува со тужби против новинари

Градоначалникот Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, од куќен притвор му се заканува со тужба на новинарот од Битола, Симе Алушевски, издавач на весникот „Его“. Во заканите против новинарот, на Талески му се придружил и секретарот на Општина Битола, Слободан Бончановски, кој исто така е осомничен во истиот предмет и одлежа еден месец куќен притвор. Градоначалникот Талески и...

Новинарот Кежаровски на информативен разговор поради боење на Собранието

Новинарот Томислав Кежаровски денеска бил повикан на информативен разговор во полициската станица Центар. Како што пишува Кежаровски на својот профил на „Фејсбук“, поканата е поради вмешаност во боењето на Собранието на 28 мај. „ПС Центар издале телеграма по мене за информативен разговор. Ќе одам денеска во 18.30 часот во полициската станица. Ме викаат заради вмешаност во боење на Собранието. Со оваа...

ЗНМ го осуди актот на обезбедувањето на Груевски

Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент во „ТВ21“, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да избрише снимки. - Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира...

„Фабрика за афери“: Новинарот на „Фокус“, Арсиќ, не откри кој му ги дал личните карти

Новинарот од „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кој преку новинарски текстови ја обелодени аферата со фалсификуваните лични карти, денеска во судот сведочеше како сведок на Обвинителството во случајот „Фабрика за афери“. Тој посочи дека 105 лични карти му ги предало непознато лице, а на прашањето дали го знае изворот, Арсиќ рече дека поради новинарската етика и професија нема да го открие изворот што му...

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад, се чека негова екстрадиција во земјава

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, денеска бил уапсен во Нови Сад, по налог на српското министерство за правда. Против него во ноември 2013 година беше издадена потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Од македонското Министерство за правда за телевизијата „Телма“ потврдиле дека кај нив веќе стигнало решението за негова екстрадиција во земјава, но засега не е познат...

Во Сомалија погубен новинар близок со Ал шабаб

Сомалиски новинар кој бил поврзан со исламистичките екстремисти од Ал шабаб е погуден денеска во Могадишу, соопштија правосудните власти. Хасан Ханафи е осуден за организирање убиство на пет свои колеги во периодот од 2007 до 2010 година. Повеќе новинари присуствувале на неговото погубување. Ханафи е уапсен во август 2014 година во Кенија и истата година е испорачан на Сомалија. Терористичката организација Ал шабаб...

Уапсен третиот осомничен за нападот на аеродромот во Брисел

Идентификувано е третото лице кое е снимено на безбедносните камери на аеродромот во Брисел, заедно со двајцата бомбаши-самоубијци. Како што јавуваат белгиските медиуми, станува збор за независниот новинар Фејсал Шефу. Канцеларијата на Федералното обвинителство на Белгија засега не ги коментира информациите. Во соопштението се наведува дека лицето е идентификувано како „Фејсал Ш. и е еден од тројцата уапсени во близина...

Македонската полиција приведе 28 новинари поради нелегално преминување на границата

Мариана Каркулаки, новинарка која ја покрива бегалската криза во Грција на својот „Твитер“ профил соопшти дека фоторепортерот Димитрис Тосидис и уште 30 други новинари и активисти биле уапсени од македонските безбедносни сили на македонско-грчката граница. „ИТНО: фоторепортерот Димитрис Тосидис е уапсен од страна на македонската армија, како за време на нивното известување од преминувањето на бегалците. Повеќе од 30 новинари и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...