fbpx
Таг: новинар

таг: новинар

Во демонстрациите во Косово повредени се 21 полицаец и еден новинар

Еден новинар и 21 полицаец се повредени за време на насилните демонстрации во Приштина, соопшти полицијата во Косово, а пренесе новинската агенција „Танјуг“. Како што соопштија од полицијата, демонстрантите кои носеле фантомки на глава, ги почнале нередите нешто пред 17 часот кога со молотови коктели, шишиња со боја и со камења почнале да фрлаат во правец на собранието, каде биле...

Почина доајенот на македонското новинарство Борис Поп-Ѓорчев

По краткотрајно боледување, на 83 години, денеска почина доајенот на македонското новинарство Борис Поп-Ѓорчев Борис Поп-Ѓорчев е роден во Велес на 22 јули 1933 година. Како професионален новинар е активен од 1953 година во весникот „Нова Македонија“, кога и станува член на Здружението на новинарите на Македонија. Во неговата богата новинарска кариера има објавено повеќе од 22.000 текстови како уредник и...

Талески нема да се жали на ослободителната пресуда за новинарката Блажевска

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, нема да се жали на пресудата на Основиот суд Скопје, со која тој го изгуби спорот против новинарката Анета Блажевска од Битола. Талески ја тужеше Блажевска за текстот „Колку е богат  Владимир Талески“ објавен во „Утрински весник“ во ноември 2013 година. Тужбата на Талески против новинарката, судот ја отфрли како неоснована, а таа стана правосилна откако...

Ристо Лазаров: Со „Танјуг“ излезе обратно од онаа „крајот го краси делото“

На веста за згаснувањето на новинската агенција „Танјуг“, интервјуто со нејзиниот последен директор – како југословенска - колегата Ристо Лазаров (поет, преведувач, критичар, есеист, но и цел живот новинар), го правиме на роденденот на агенцијата - 5 ноември. Како долгогодешен новинар, уште и поранешен директор на „Танјуг“, како ја примивте веста за згаснувањето на новинската агенција? - Искрено, тешко, макар што...

Во Иран осуден новинарот на „Вашингтон пост“

Иранскиот суд го осуди новинарот на „Вашингтон пост“, Џејсон Резајан, поради шпионажа, не наведувајќи детали од пресудата, објави иранската државна телевизија. Резајан, дописник на „Вашингтон пост“ од Техеран, беше уапсен во јули 2014 година и обвинет за шпионирање, како и за други кривични дела против националната безбедност. На новинарот кој има американско и иранско државјанство, судено му беше зад затворени врати,...

ИД зазеде неколку села во Сирија

Исламска држава во ненадеен напад во провинцијата Апело на северот на Сирија зазела повеќе села, тврдат активистите на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Според податоците на организацијата, најновото напредување на ИД е најзначајно во последните неколку месеци. Нападот е извршен по големата офанзива на сириската војска во централните провинции, со поддршка на руските воздухопловни сили. Во меѓувреме, иранската...

Мексикански гувернер на распит поради убиство

Истражителите од Мексико Сити денеска ќе отпатуваат во Веракруз поради испитување на гувернерот на мексиканската држава за убиство на фоторепортер, соопшти градоначалникот Мигел Ангел Менсера. Градоначалникот соопшти дека сите можни сценарија за убиството се разгледуваат, вклучувајќи ја и можноста да биде политички мотивирано. Гувернерот на Веракруз, Хавијер Дуарте, за локалните медиуми изјави дека нема сознание за инцидентот што се случил на 31...

Новинар од Турција добил отказ зашто ја критикувал политиката на Ердоган

Турскиот весник „Милиет“ му дал отказ на еден од најпознатите коментатори затоа што ја критикувал политиката на претседателот Ердоган, во однос на џихадистите од Исламска држава. Раководството на весникот објави дека договорот со новинарот Кадри Гурсел го прекинале затоа што тој на „Твитер“ објавил коментар што бил спротивен на уредувачката политика. Новинарот го обвинил претседателот дека е главниот фактор за подемот на ИД...

„Хјуман рајтс воч“ со осуда за полициската бруталност на протестите на 5 мај

Реномираната организација за човекови права, „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), денеска ги објави резултатите од истрагата за полициската бруталност на протестите на 5 мај во Македонија. ХРВ интервјуирале седум лица уапсени на протестите, од кои еден новинар, кој бил приведен додека ја извршувал својата работна задача. Од организацијата сметаат дека македонската полиција употребила прекумерна сила за време на протестите. „Да се тепаат луѓе е...

Почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“ во Иран

Во Иран почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“, обвинет за шпионажа, кој е во притвор веќе 20 месеци. Џејсон Резаин, кој има американско и иранско државјанство, е обвинет за оддавање информации на „непријателски влади“. Уредникот на „Вашингтон пост“ го опиша судењето како срамно и ја осуди одлуката судењето да не биде јавно. Резаин би можел да биде осуден на затворска казна...

На Борјан Јовановски му испратиле погребен венец

Во домот на Борјан Јовановски, новинар и уредник на „Нова ТВ“, непознато лице доставило погребен венец со натпис „последен поздрав“. Во тој момент Јовановски не бил дома, туку само неговата сопруга Амернис Нокшиќи и малолетните деца. Лицето што го доставило венецот, на сопругата на Јовановски ѝ кажало дека „поздравот“ е од Тодор Александров. Сопругата на Јовановски настанот го пријавила во полиција. Како што објави „Нова ТВ“, Јовановски...

Почина новинарот и хуманист Стојан Тренчевски

Стојан Тренчевски, новинар, публицист и хуманистот, почина денеска. Неговите книги „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“, „По патиштата од детсвото на Мајка Тереза“ и филмот „Мајка“, се преведени на италијански, англиски, шпански, германски, полски и на бенгалски јазик. Погребот ќе се одржи утре, во 12.30 часот, на Градските гробишта – Бутел.

ИД за 24 часа ќе ги ликвидира Јапонецот и Јорданецот

Исламска држава се закани дека ќе го убие другиот Јапонец и јорданскиот пилот во следните 24 часа. Во видеозапис, објавен со наслов „Втора јавна порака на Кенџи Гото до неговото семејство и до владата на Јапонија“, јапонскиот новинар држи слика од пилотот и бара помош бидејќи времето за неговата егзекуција изминува. Автентичноста на снимката засега не е верификувана. Екстремистичката сунитска организација бара...

Промоција на книга од Весна Дамчевска

Вечерва, со почеток во 20 часот, во Галерија 8, во Стара скопска чаршија, ќе биде промовирана книгата „Од собата до Холивуд – сликата на жената уметник во биографскиот филм“ од Весна Дамчевска. Книгата ќе ја промовираат Александар Прокопиев и Ана Мартиноска, а е издание на издавачката куќа „Зојдер“ и на „Галерија 8“. Весна Дамчевска е новинар, уредник, автор.  

Јакимовски: Лицето кое ни се претстави како новинар е член на СДСМ

Лицето што вчера предизвика инцидент на седницата на Советот на Општина Карпош, кое лажно се претстави како Ивица Ивановски, новинар на „Вечер“, е лице со име Никола Савовски. Тој е член на Социјалдемократскиот сојуз и бил на советничката листа на СДСМ со реден број 23 за време на локалните избори во 2013 година, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на...

Убиен новинар на водечки магазин во Перу

Две непознати лице во неделата навечер убиле новинар на водечкиот перуански магазин „Каретас“, кој истражувал нарачани убиствата во провинциски град јужно од Лима. Уредникот на магазинот „Каретас“, Америко Замбрано, соопшти дека 22-годишниот Фернандо Рајмонди е убиен во бакалницата на својот татко во градот Канете. Убијците му наложиле на пријателот на Рејмонди да ја напушти бакалницата, а потоа го застрелале младиот новинар...

(ВИДЕО) Јавување во живо: Никој не очекувал ваков извештај

Метеорологот на „Ен-Би-Си“, Мајк Сејдел, доживеал нешто што никој не би го посакал. Неколку моменти пред да се јави во живо, на Сејдел му се „примочало“. Имајќи предвид дека бил во природа, во шума, некаде во Северна Каролина, ништо не е спорно: се свртил, си го откопчал шлицот и се олеснил. Но, тоа што погрешно го проценил било времето потребно...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...