fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

НАТО ќе испраќа авиони и бродови како воена помош за Турција

Членките на НАТО ќе испратат воени авиони и бродови во Турција се со цел зајакнување на одбраната на границата со Сирија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Целта, исто така била и да се избегнат инциденти како што беше со соборувањето на рускиот воен авион. - Договоривме пакет мерки за Турција, имајќи ја предвид нестабилната ситуација во регионот - изјави...

Црна Гора: Русија да не се меша во внатрешни прашања

Одлучувањето за потврдата за полноправно членство е во домен на институциите на Црна Гора, пред сè, на Собранието, реагираше црногорското министерство за надворешни работи на повикот на Москва да се спроведе референдум за влез во Северноатлантската алијанса. Црногорското МНР истакна дека трета страна нема право да коментира ставови за тоа како институциите треба да реагираат за внатрешни прашања. Претходно портпаролката на...

Русија од Црна Гора бара референдум за влез во НАТО

Москва забележува дека црногорската јавност е поделена во врска со прашањето за приклучување кон НАТО и повика на референдум за влез во Северноатлантската алијанса, соопшти денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешниот брифинг за медиумите. - Ситуацијата во Црна Гора е тешка. Говориме за внатрешна политичка криза која ја следат народни протести. Значи постои длабока...

Столтенберг утре во посета на Албанија

Од кабинетот на премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска соопштија дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утре ќе престојува во Албанија на работна посета. Како што пишува во соопштението, Столтенберг ќе се сретне и со претседателот Бујар Нишани, министерката за одбрана, Мими Кодели, и со шефот на дипломатијата, Дитмир Бушати. Сè уште нема официјална информација за тоа која е целта...

Попоски во Осло: Треба да се смени пристапот за прием во НАТО и ЕУ

Шефот на македонската дипломатија,Никола Попоски, денеска во Осло се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Брендеата, министерка за одбрана, Ине Ериксен Сореиде, како и со членови на Комисијата за надворешни работи и одбрана на норвешкиот парламентот. Како што соопштуваат од МНР, на средбите се разговарало за можностите за унапредување на билатералните односи и за соработка во...

НАТО: Македонија што побргу да го заземе заслуженото место во Алијансата

Македонија и понатаму активно придонесува во операциите на Алијансата низ светот, е заклучокот од денешниот редовен годишен состанок во Брисел на Република Македонија со Комитетот на ниво на заменици на постојаните претставници на НАТО. На состанокот била презентирана годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2015-2016 година, како дел од 17. циклус на акциониот план за членство,...

Столтенберг: Без копнени сили против ИД

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја отфрли можноста за праќање копнени сили во борба против Исламска држава во Сирија. - Тоа прашање не е на дневен ред на коалицијата и на сојузниците на НАТО. САД имаат ограничен број специјални сили. Во прв план е зајакнување на локалните сили. Тоа не е лесна задача, но е единствена опција – рече...

Опозицијата во Црна Гора бара референдум за членството во НАТО

Повикот за Црна Гора да покрене дијалог за приклучување на НАТО е последица на геостратегиските интереси на НАТО, а не резултат на спроведените реформи во областа на безбедноста, одбраната и на борбата против корупцијата и организираниот криминал во Црна Гора, смета дел од црногорската опозиција. Опозицијата смета дека за приклучувањето на Црна Гора во НАТО треба да се изјаснат граѓаните на референдум. Лидерот...

ВМРО-ДПМНЕ: Единствен проблем за влез во НАТО е проблемот со името

Нема граѓанин во Република Македонија што досега не се увери дека единствен проблем поради кој Република Македонија не е полноправна членка на НАТО е проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име, велат од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ за членството на Црна Гора во НАТО. „Република Македонија ги исполнува сите услови за влез во Северно-атлантската алијанса уште од самитот...

Ѓукановиќ: Голем ден за Црна Гора, Западен Балкан и за НАТО

Црногорскиот премиер, Мило Ѓукановиќ, оцени денеска дека поканата за членство во НАТО е важен ден за Црна Гора, Западен Балкан и за Алијансата и најави продолжување на реформите, зајакнување на владеењето на правото и зголемување на поддршката кај јавноста. Според Ѓукановиќ, денешната покана за членство е историски и најважен датум од референдумот за независноста на Црна Гора од 2006 година....

СДСМ: Додека Црна Гора чекори напред, Македонија со Груевски стои во место

Дебаклот на економските политики на Никола Груевски е проследен и со уште еден пораз на меѓународен план, реагираат од СДСМ. „Министерскиот совет на НАТО донесе одлука Црна Гора да биде поканета за нова членка на Алијансата. СДСМ им честита на граѓаните на Црна Гора за овој успех на земјата. За жал, додека земјите од регионот чекорат напред во евро-атланските интегративни...

Русија ќе возврати на проширувањето на НАТО кон исток

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе возврати на проширувањето на Северноатлантската алијанса кон исток. НАТО денеска ја повика Црна Гора да се приклучи кон Алијансата и да стане нејзина 29. членка. Песков рече дека санкциите што Русија ги вовела кон Турција поради соборувањето на рускиот борбен авион се поинакви од тие што Западот ги воведе кон Русија поради украинската...

Столтенберг: НАТО со проширувањето има цел да шири стабилност и безбедност

Членките на НАТО одлучија да ја поканат Црна Гора да стане 29 земја-членка на Алијансата, соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конеренција по состанокот на Северно-атлантскиот совет (НАК). Столтенберг истакна дека на состанокот било договорено НАТО-силите и во 2016 година да останат во Авганистан со 12.000 војници, кои ќе продолжат да ѝ помагаат и да ја обучуваат авганистанската...

НАТО ѝ упати покана на Црна Гора за членство

Министрите за надворешни работи на НАТО, денеска со консензус одлучија да ѝ упатат покана на Црна Гора за пристапување во Северноатлантскиот сојуз. Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, изјави дека тоа е историски чекор со кој се потврдува политиката на отворени врати на Алијансата за Западен Балкан. Последното проширување на НАТО беше во 2009 година, кога во Алијансата се приклучија Албанија и Хрватска.

В среда ќе се знае дали Црна Гора ќе добие покана за НАТО

Конечната одлука за покана на Црна Гора во НАТО сè уште не е донесена, соопшти денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, исканувајќи дека за тоа ќе одлучуваат министрите за надворешни работи на Алијансата в среда наутро. Столтенберг рече дека не може да ја предвиди одлуката на министрите, кои в среда ќе ја дадат финалната оценка за напредокот во...

Иванов се сретна со Обама во Париз

На маргините на лидерската конференција за климата, која се одржува во Париз, претседателот Ѓорге Иванов се сретнал со претседателот на САД, Барак Обама. Двајцата претседатели разговарaле за интеграцијата на Македонија во НАТО. Претседателот Иванов на американскиот претседател Обама му порачал дека ситуацијата со Македонија сè уште е стаус кво, односно нема никаква статусна промена во однос на НАТО и дека Македонија...

Продолжуваат дипломатските тензии меѓу Русија и Турција

Дипломатските несогласувања меѓу Русија и Турција продолжуваат поради соборувањето на рускиот авион. И двете страни не отстапуваат од своите ставови. Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, рече дека претседателот Владимир Путин нема да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на Самитот за климатските промени, сè додека Турција не се извини за уривањето на рускиот авион. Истовремено во Брисел,...

Иванов му порача на Столтенберг: Македонија очекува членство во НАТО

НАТО треба да ги има предвид новите безбедносни закани и геополитички аспекти и не треба да ги игнорира меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд за правда во врска со грчката блокада на членството на Македонија во Северноатланската алијанса, рекол македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Иванов му пренел на Столтенберг дека Македонија...

Обама и Оланд ги повикаа Турција и Русија да не ја ескалираат ситуацијата

Франција и САД ги повикаа Турција и Русија да не предизвикуваат ескалација на ситуацијата настаната откако турските сили соборија руски воен авион на границата со Сирија. Сите земји треба да работат заедно против Исламска држава, изјавија американскиот претседател, Барак Обама, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, по средбата во Вашингтон. - Можеме само да жалиме поради уривањето на рускиот авион, но мора...

Туск: Сите да останеме смирени и со ладни глави

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, повика на смирување на ситуацијата откако Турција, која е кандидат за членство во Европската унија, урна руски борбен авион на сириската граница. „Во овој опасен момент, по уривањето на рускиот авион, сите треба да останеме со ладни глави и смирени“, напиша поранешниот премиер на Полска на својот твитер-профил. In this dangerous moment after downing of...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...