недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: медиумски работници | 35 резултати

ССНМ: Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

јули 3, 2020

Четворица медиумски работници останале без работа во најголемиот пик на пандемијата, покажува истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници – вработени во различни медиуми во земјава. Освен грижата за егзистенцијата, промените што ги донесе корона вирусот се одразил и врз квалитетот на животот на […]

Снимател на МТВ втора жртва на корона вирусот меѓу медиумските работници

јули 1, 2020

Корона вирусот го зеде животот на уште еден медиумски работник. Синоќа почина 51-годишниот Шенол Ахмети, долгогодишен снимател во албанската редакција на Македонската радио-телевизија, каде го помина целиот свој работен век, повеќе од 20 години. Ахмети се заразил со ковид-19 и пред една недела бил хоспитализиран, а за само неколку дена состојбата му се влошила и […]

Владата ќе ги субвенционира придонесите за социјално за медиумските работници за три месеци

јуни 11, 2020

Владата на вчерашната седница донесе Уредба со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите. Со уредбата се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со ковид-19 за време […]

ССНМ: Потребен е пакет на мерки за помош на новинарите и медиумските работници

јуни 8, 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е потребен пакет на мерки за помош на македонските медиуми, со кои ќе се гарантира дека оваа помош ќе стигне директно до вработените погодени од Ковид-19 кризата во земјава. Од ССНМ предлагаат три точки, при што како прво го акцентираат целосно ослободување од придонесите за […]

Филипче со честитки и благодарност до медиумите за соработката во справувањето со Ковид-19

мај 3, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче денеска упати честитки до медиумите по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите и благодарност за соработката во справувањето со Ковид-19, како и за напорите за сузбивање на дезинформациите за новиот корона вирус и за болеста што тој ја предизвикува. -Од првиот ден кога, како земја, се соочивме со вирусот […]

ССНМ: Владата се кити со туѓи перја

април 22, 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше на соопштението на Владата во врска со извештајот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, порачувајќи дека Владата си припишува себеси туѓи заслуги. „Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници, но тоа во […]

Арбнора Мемети: Го жртвуваме сопственото здравје за известување во кризни времиња

март 20, 2020

Освен лекарите, една од најважните должности во кризните времиња ја имаат новинарите и фоторепортерите. Со единствена цел луѓето да се информираат за сé во врска со корона вирусот, тие се секој ден на терен, жртвувајќи го и нивното здравје. На оваа тема повеќе разговаравме со фоторепортерката Арбнора Мемети, пишува „Порталб.мк“. Пред појавата на корона вирусот […]

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ја информирале Владата за стандардизацијата на онлајн медиумите

октомври 15, 2018

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, советникот за односи со јавност на премиерот, Марјан Забрчанец и портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски одржаа работен состанок со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, претседателот на Управниот одбор на Советот за етика на медиумите, Катерина Синадиновска и претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, […]

ССНМ: Мора да се подобрат правата на новинарите заради доброто на професијата

мај 3, 2018

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 Мај, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) порача дека е неопходна итна промена на приоритетите и фокусирање на работните и професионални права на новинарите и медиумските работници, како место од кое почнува, но и во кое може да заврши, искривоколчувањето на професијата. […]

Новинарите со протестен собир ги најавија последните броеви на „Вест“ и на „Утрински“

април 28, 2017

Новинарите на „Утрински весник“ и на „Вест“ се собраа на паркиралиштето на трговскиот центар „Зебра“ каде што преку мирен протестен собир го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници, кои 18 години излегуваа и ја обележаа медиумската сцена. Овие два дневни весници, за последен пат во печатено издание ќе излезат утре, 29 април. Новинарите добија поддршка […]

За 25 години, во светот се убиени 2.300 новинари

јануари 31, 2016

Најмалку 2.297 новинари и медиумски работници се убиени во изминатите 25 години додека го информирале светот за војни, револуции, криминал и за корупција. Најновиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) предупредува дека убијците и понатаму остануваат неказнети, односно само 10 отсто од убиствата се докрај истражени. Во 1990 година, бројот на убиени новинари бил […]

Страна 2 од 2