fbpx
Таг: матуранти

таг: матуранти

МОН: Училиштата да најдат начин да ги надоместат изгубените часови

Додека еден дел од матурантите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука посочува дека постапката за органзиирање на матурата тече, додека 14.000 ученици пријавиле матура. Министерката Мила Царовска, која денеска во Штип пред бизнис секторот го презентираше проектот „Учи паметно, работи стручно“, беше прашана дали ќе има продолжување на училишната година, поради големиот број на загубени часови. „Секое училиште...

Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата, МОН вели дека тоа е „неоправдано“

По вчерашната одлука на Сојузот на средношколци и следнава седмица да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите, денеска реагираше Министерството за образование и наука, кое порача дека барањата се неприфатливи, а бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите. Од Сојузот бараат на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои едниот задолжителен мајчин...

Сојузот на средношколци од Собранието бара привремена законска измена за државната матура

Денеска е последен ден од бојкотот на средношколците, а викендов тие ќе одлучуваат кои ќе бидат нивните идни чекори во врска со наставата, велат од Сојузот на средношколци. Како што потенцираат оттаму, до Собранието е доставено и барање до пратениците да одржат јавна дебата за нивните барања на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои...

Царовска: За нов концепт на државната матура ќе разговараме да се примени од идната учебна година

Секое поместување на државната матура ќе направи проблем со запишување на учениците во високо образовани дома и надвор во земјата, смета министерката за образование и наука, Мила Царовска по најавите на Сојузот на средношколци дека ќе ја бојкотира наставата сè додека не се исполнат нивните барања во врска со државната матура. Министерката вели дека матурата ќе се спроведе за...

Зимскиот рапуст заврши, дел од матурантите ја бојкотираат онлајн наставата

Од денеска учениците ја продолжуваат наставата од второто полугодие од учебната 2020/2021 година, откако вчера заврши тринеделниот зимскиот распуст. Наставата како и досега, ќе се одвива онлајн преку електронските алатки, со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, како и учениците во средните стручни училишта. Од Сојузот на средношколци велат дека...

Матурските задачи кои може да бидат дигитални, видео и уметничко-сценски изведби да се пријават до 30 ноември

Срeдношколците од четврта година, најдоцна до 30 ноември годинава да пријават тема за изработка на матурска проектна задача, а пријавувањето да го направат во своите училишта. Од годинава, покрај стариот модел на реализација на проектната задача се воведуваат и нови можности за реализација на истата базирани на интересите на учениците и на глобалните трендови во образованието, културата и социјалниот живот на...

Објавени резултатите од државната матура, просечните оценки подобри од ланските

Резултатите од државната матура денеска се објавени, а просечните оценки година се со благ пораст во однос на минатата година, рече министерот за образование, Арбер Адеми на денешната прес конференција. - Резултатите се добри и покажуваат напредок во однос од минатите години. Просечната оценка годинава е 3,47. За неколку предмети има подобрување на просечната оценка, а кај помал дел од...

За шест години, 3.736 матуранти помалку

Државна матура годинава се пријавиле да полагаат 15.553 ученици во државата. Пред шест години, односно во 2013 година, оваа бројка била 19.289, што покажува дека за овој период, бројот на ученици кои го полагаат овој испит, што е услов за упис на факултет, се намалил за 3.736 матуранти. Во 2015 имало 17.600 пријавени ученици, а во 2016 - 16.859....

На плоштад „Македонија“ 1.000 матуранти играа квадрил (галерија)

На плоштадот „Македонија“ точно напладне се одржа „Матурската парада 2019 “, на која матуранти од Скопје заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, по 13. пат го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“. „Матурската парада“ ја отвори градоначалникот Петре Шилегов. - За наша и ваша среќа за првпат навистина можеме да и кажеме...

На државната матура во јуни, просечната оценка е 3,39

На годинашната државна матура, која ја спроведуваше Државниот испитен центар, од пријавените 16.426 матуранти постигната е просечна оценка од 3,39, соопштија од испитниот центар на денешната презентација на резултатите. Просечната оценка годинава е малку полоша од лани, кога изнесувала 3,42, а во 2015 година оценката била малку послаба од годинашнава, и изнесувала 3,37. Во 2014 година, просечната оценка била значително...

Почнува екстерното тестирање за 18.600 матуранти

Екстерното тестирање на 18.600 матуранти ќе се спроведе од денеска и ќе трае до петок, 3 февруари, информираше Државниот испитен центар (ДИЦ). Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари.

Утре почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти

Екстерното тестирање на 18.600 матуранти ќе се спроведе од утре (30 јануари) и ќе трае до 3 февруари, информираше Државниот испитен центар (ДИЦ). Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари.

ЛДП: Со екстерното тестирање власта го продолжува насилството врз граѓаните

Со завршувањето на зимскиот распуст и почетокот на второто полугодие од оваа учебна година, продолжуваат фрустрации за околу 20.000 матуранти, за нивните родители и блиски поради екстерното тестирање, кое е „бесмислен каприц“ на власта на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Од партијата велат дека е нелогично само со прашања со заокружување, кои треба да се научат напамет, да се...

Матурантите ќе се запишат на факултет за знаење

Најголем дел од идните студенти ќе се запишат на факултет за да стекнат повеќе знаење во областа што ги интересира, покажува анкетата на порталот „Факултети“ направена меѓу 446 матуранти. Според резултатите, 27 проценти од анкетираните матуранти како втора причина за запишување на факултет ја одбрале дипломата бидејќи сметаат дека полесно ќе им донесе вработување, а 18 проценти од нив го прават...

Скопските матуранти танцуваа квадрил со своите врсници од регионот

Матуранти од неколку средни училишта во Скопје денеска, точно напладне, на плоштадот Пела, го одиграа традиционалниот танц квадрил, во рамките на годинашната „Матруска парада“. Истовремено со скопските матуранти, квадрил танцуваа и нивните врсници во 75 градови од шест држави од регионот. Покрај скопските, во земјаба годива во ритамот на квадрил танцуваат и матурантите од Гевгелија и од Охрид. На матурантите им се обрати...

Екстерното делумно се бојкотира, штрајкот делумно продолжува

Денеска почна екстерното тестирање на ученциите од трета и од четврта година во средните училишта. Поради штрајкот на СОНК, кој трае речиси една недела, во некои училишта екстерно воопшто не се спроведува, а во други го спроведуваат заменски наставници. - Во средните училишта „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“ има бојкот од страна на учениците кои не се појавија на...

Матуранти од Битола не влегоа на тестирање

Само пет минути пред почетокот на екстерното тестирање,  закажано за 9.30 часот, матурантите од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов “ во Битола си заминаа дома. Учениците чии професори во целост петти ден штрајкуваат, велат дека ги поддржуваат нивните барања. Ваквата атмосфера ги крена на нозе надлежните во Битола, кои веднаш отишле во училиштето да зборуваат со матурантите да се вратат...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...