fbpx
Таг: матуранти

таг: матуранти

Утре на пладне ќе се објават резултатите од матурскиот испит, успехот подобар од лани

Утре во средните училишта низ државата ќе бидат објавени прелиминарните резултати од полагањето на државната матура, информираат во Државниот испитен центар. Оттаму велат дека резултатите годинава се подобри од оние од минатата година, иако критериумите годинава беа построги, односно прагот на освоени минимум поени е повисок. „Во вторникот се состанаа членовите на државниот матурски одбор. На предлог на оценувачите беше...

РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти

„Не си фраер ако загинеш на матура!“, „Покажи ја матурата на дело!“, „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги упати до матурантите и нивните родители на почетокот од периодот на матурските прослави. Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите да не управуваат моторно возило без возачка дозвола...

За да нема препишување, се предлага државна матура да се полага во спортски сали

Директорката на Државнито испитен центар, Елизабета Наумовска предлага екстерните испити од државната матура в година да се полагаат во спортски сали и во амфитеатри за да може максимално да се намали можноста за препишување. Таа за Мета вели дека на тој начин целиот процес ќе биде потранспарентен и пообјективен. „Речиси секое училиште има спортска сала. Во некои поголеми општини има...

И онлајн и на училиште, матурантите се подготвуваат за испитот на зрелоста

Учениците во завршна година во училиштата за средно образование, периодов се подготвуваат за полагање на екстерните испити кои се дел од државната матура. Впечатокот кој се добива од разговорот со неколкумина професори и директори на училишта, е дека штрајкот кој неодамна беше ставен во мирување, ретко каде оневозможил да се одржува подготвителна настава за испитот на зрелоста. Некои професори,...

Штрајкот нема да ја промени содржината во матурските тестови

Ќе оневозможи ли штрајкот, матурантите навреме да го полагаат испитот на зрелоста? Прашањето за државната матура се актуелизира како што се приближува крајот на учебната година. Испитите се веќе закажани, тестовите се испечатени, но бидејќи материјалот не им е предаден целосно на учениците, прашање е, како ќе им се проверува знаењето на теми кои не ги учеле. Директорката на Државниот...

Сојуз на средношколци: Договор што побрзо да има, ќе се пробијат државните рокови за полагање за матурантите

Од непостигнувањето на договор меѓу владата и СОНК во врска со штрајкот во образованието, најмногу ќе страдаат средношколците. Од Сојузот на средношколци денеска побараа солидарност за учениците, особено за матурантите, бидејќи кај нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство. „На пример, рокот за...

Отворен ден на УКИМ на 30 ноември

Филозофски факултет УКИМ
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира „Отворен ден на УКИМ“ на 30 ноември, вторник, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера. Настанот ќе се одржи онлајн, преку платформата Microsoft Teams, соопштија од УКИМ. На отворениот ден, матурантите и идни студенти ќе имаат можност одблиску да ги запознаат професорите и студентите...

УКИМ на 18 и 19 август ќе организира „Отворен ден“

Филозофски факултет
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18 и 19 август организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата „мајкрософт тимс“. Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. „Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните...

Матурантите денеска на втор екстерен испит, најголем дел одбрале да полагаат странски јазик

матура ученици
Учениците од завршните години во средните училишта денес го полагаа вториот екстерен испит во рамки на државната матура. Тие имаа можност да изберат помеѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Според податоците на Државниот испитен центар, најголем интерес меѓу матурантите има за полагање странски јазик, при што најголем дел се определиле за англискиот – 13.452. Германски ќе полагаат 140,...

Предметите од државната матура ќе се полагаат од 5 до 28 јуни

Државниот испитен центар ги објави датумите кога матурантите годинава ќе ги полагаат предметите од државната матура. Оваа учебна година за државната матура се имаат пријавено 15.294 матуранти. Од нив 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 се од средно стручно образование и 261 се од средно уметничко образование. Матурантите на 5 јуни ќе го полагаат задолжителниот предмет. Македонски јазик и литература...

Матурантите што ќе бидат во изолација ќе полагаат матура во друг испитен рок на крајот на јуни

Учениците во завршна година од средното образование, кои поради болест нема да стасаат да полагаат државна матура на 5 и на 11 јуни, ќе можат тоа да го направат на крајот на јуни, а за точните датуми од Државниот испитен центар (ДИЦ) најавуваат дека ќе информираат дополнително. Елизабета Наумовска, директорката на ДИЦ, институција која го организира полагањето на испитот на...

Со онлајн презентации, факултетите ќе ги промовираат студиските програми во средните училишта

Преку онлајн презентации почнувајќи од денеска, па сè до 26 март, матурантите од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми на факултетите и на универзитетите, што ќе им помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација. За да се олесни комуникацијата меѓу учениците и факултетите на овие настани, секое училиште...

Државната матура ќе започне на 5 јуни, една недела подоцна од предвидениот термин на 29 мај

Да се полагаат два екстерни испити, третиот испит да се трансформира во интерен, а државната матура да се полага на 5 јуни, една недела подоцна од веќе претходно утврдениот термин на 29 мај. Ова е компромисното решение кое го соопшти премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со претставникот на Сојузот на средношколците, Бленди Ходаи. „Освен ова, предвидено е да...

За МОН прифатлив е компромисот за државната матура

Прифатливо е компромисното решение за начинот на полагање на државната матура коешто го прифати и Сојузот на средношколци, соопшти Министерството за образование и наука. Оттаму уверуваат дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, пришто ниту еден од нив нема да биде оштетен, а државата го задржува стандардот од два екстерни и два интерни испити. „Уште утре Матурскиот одбор...

МОФ: Во сите училишта да се организираат часови за информирање и подготовка за матурските испити

При одржувањето на државна матура, клучен приоритет треба да бидат здравјето, безбедноста и информираноста на сите вклучени во процесот на подготовка и полагање: учениците, наставниот и административниот кадар, техничкиот персонал, како и набљудувачите. Навремена комуникација со матурантите и обезбедување на нивна поддршка во целиот процес е клучна за успешно организирање и спроведување на матурскиот испит кој е особено значаен...

МОН: Училиштата да најдат начин да ги надоместат изгубените часови

Додека еден дел од матурантите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука посочува дека постапката за органзиирање на матурата тече, додека 14.000 ученици пријавиле матура. Министерката Мила Царовска, која денеска во Штип пред бизнис секторот го презентираше проектот „Учи паметно, работи стручно“, беше прашана дали ќе има продолжување на училишната година, поради големиот број на загубени часови. „Секое училиште...

Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата, МОН вели дека тоа е „неоправдано“

По вчерашната одлука на Сојузот на средношколци и следнава седмица да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите, денеска реагираше Министерството за образование и наука, кое порача дека барањата се неприфатливи, а бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите. Од Сојузот бараат на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои едниот задолжителен мајчин...

Сојузот на средношколци од Собранието бара привремена законска измена за државната матура

Денеска е последен ден од бојкотот на средношколците, а викендов тие ќе одлучуваат кои ќе бидат нивните идни чекори во врска со наставата, велат од Сојузот на средношколци. Како што потенцираат оттаму, до Собранието е доставено и барање до пратениците да одржат јавна дебата за нивните барања на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои...

Царовска: За нов концепт на државната матура ќе разговараме да се примени од идната учебна година

Секое поместување на државната матура ќе направи проблем со запишување на учениците во високо образовани дома и надвор во земјата, смета министерката за образование и наука, Мила Царовска по најавите на Сојузот на средношколци дека ќе ја бојкотира наставата сè додека не се исполнат нивните барања во врска со државната матура. Министерката вели дека матурата ќе се спроведе за...

Зимскиот рапуст заврши, дел од матурантите ја бојкотираат онлајн наставата

Од денеска учениците ја продолжуваат наставата од второто полугодие од учебната 2020/2021 година, откако вчера заврши тринеделниот зимскиот распуст. Наставата како и досега, ќе се одвива онлајн преку електронските алатки, со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, како и учениците во средните стручни училишта. Од Сојузот на средношколци велат дека...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...