fbpx
Таг: Макпетрол

таг: Макпетрол

КХВ: „Балкан петролеум“ не може да даде понуда за преземање на „Макпетрол“

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на денешната седница одлучи, на „Балкан петролеум“ да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на „Макпетрол“, соопштуваат од таму. Ваквата одлука, Комисијата ја донела откако на 18 декември, со допис од страна на друг државен орган, била известена дека, претходно е решено прашањето за случајот. Од Комисијата информираат оти констатирале дека...

Јосифовски: Случајот со преземањето на „Макпетрол“ сè уште е заглавен во КХВ

Случајот со компанијата „Макпетрол“ и обидот за преземање од страна на „Балкан петролеум“ е заглавен во Комисијата за хартии од вредност, информираше денеска претседателот на управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, на прес-конференцијата по повод 70 години од постоењето на компанијата. Според него, во нормална правна држава, понудата од оваа компанија веднаш би била отфрлена од надлежните институции. - Станува збор...

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Непознато маскирано лице рано изутрината во 3.20 часот со закана со пиштол ограбило бензинска пумпа на „Макпетрол“, на улицата Кемал Сејфула во Скопје, при што од вработениот го одзело дневниот пазар, а потоа избегало. Како што информира МВР, се преземаат мерки за откривање и за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на грабежот.

КХВ побара од „Балкан петролеум“ дополнителна документација за купување на „Макпетрол“

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) побара од компанијата „Балкан петролеум“, понудувачот за купување на „Макпетрол“, да достави дополнителна документација пред да донесе конечна одлука дали ќе дозволи преземање на најголемата македонска нафтена компанија. Во наредниот период компанијата „Балкан петролеум“ треба да ги обезбеди дополнителните документи, а потоа КХВ ќе се изјасни дали досието е комплетирано. Ако се потврди дека понудувачот ја...

Британска компанија сака да го преземе „Макпетрол“

Британската компанија „Балкан петролеум холдинг лимитед“ (Balkan Petroleum Holding Limited) сака да го преземе акционерското друштво „Макпетрол“ АД - Скопје по цена од 25.908 денари за една акција, се соопштува на Македонска берза. - Во согласност со член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на „Макпетрол“ АД - Скопје дека имаме намера да објавиме...

„Макпетрол“: Регулаторната комисија нè присилува да вршиме складирање нафта

„Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика, освен што е незаконски, има и елементи на присила бидејќи го продолжи важењето на постојната лиценца на „Макпетрол“ АД - Скопје за уште една година, без да побараме такво нешто“, се вели во реакцијата на компанијата во врска со одлуката на Регулаторна комисија за енергетика да ја продолжи лиценцата на „Макпетрол“ АД – Скопје за складирање...

РЕК: Лиценцата на „Макпетрол“ за складирање горива е продолжена за една година

Регулаторната комисија за енергетика  ја продолжи лиценцата на „Макпетрол“ АД - Скопје за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива. Оттаму велат дека задоцнувањето е поради обемност на документацијата потребна за постапката за лиценцирање, како и сложеноста на нејзиното обезбедување од други надлежни институции. Според РЕК, лиценцата за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт на „Макпетрол“ АД -...

„Макпетрол“ остана без лиценца за складирање нафта

„Макпетрол АД“ - Скопје повеќе нема да складира сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, затоа што на фирмата не ѝ е продолжена лиценцата за вршење енергетска дејност од Регулаторната комисија за енергетика. - „Макпетрол АД“ - Скопје благовремено поднесе барање за продолжување на лиценцата на 10 јули 2015 година и во прилог достави документација на основа на која ѝ беше...

Ограбена бензинска на „Макпетрол“

Непознато лице вчера попладне ја ограбил бензинската пумпа „Макпетрол“ на скопскиот булевар „Македонско Косовска Бригада“. Непознатото маскирано лица, со пиштол му се заканил на вработениот и од касата одзел околу 100.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата се уште трага по крадецот и работи на целосно расчистување на кривичното дело.

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден

Ноќеска, околу 1.20 часот, непознат сторител ограбил бензинска пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден, соопшти полицијата. Со закана над вработен во бензиската, разбојникот, според полицијата, одзел една чанта со дневен промет од околу 10.000 денари. Полициската станица Гази Баба презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во скопско Дељадровце

Утрово, околу 3.50 часот, тројца маскирани и вооружени разбојници ограбиле бензинска пумпа на „Макептрол“, во скопското село Дељадровце, соопшти полицијата. Разбојниците, со закана кон еден од вработените, одзеле околу 9.000 денари и побегнале од местото. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Малцинските акционери на „Макпетрол“ се приклучија на тужбата против директорот

Петнаесет малцински акционери на „Макпетрол“ се приклучија на кривичната пријава на МВР, поднесена против 21 лице од управниот и од надзорниот одбор на компанијата. Целта, како што велат, е да си ги остварат правата како акционери и да си го задржат имотот. Тие и досега поднеле кривични пријави до одредени лица во компанијата, но судска разврска немало и прашуваат зошто се...

Судот ги одмрзна сметките на „Макпетрол“

Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 донесе одлука да ги одмрзне сметките на „Макпетрол“ и „Оилко“ и наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на нивните сметки. „Кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му...

Ставрески за „Макпетрол“: Не очекувам посериозни економски реперкусии

Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески не очекува посериозни економски реперкусии од аспект на снабдувањето со нафтени деривати, по блокирањето на сметката на „Макпетрол“. - Верувам, во голем дел ќе биде решено преку обезбедување на потребните количини на нафта и нафтени деривати од останатите дистрибутери. Верувам дека во одредена временска рамка обвинителствот и судот и ќе постапат, ќе се...

Обвинителството бара да се одблокира сметката на „Макпетрол“

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на предходна постапка денеска доставило предлог да биде одблокирана сметката на „Макпетрол“ и на „Оилко“, бидејќи, како што соопштуваат, по доплнителните докази, прибавени вчера била утврдена „потребата од ослободување на сметките на друштвото со цел овозможување непречена работа“. „Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по допрен глас (информации објавени во медиумите) во текот на вчерашниот...

Незири: Енергетска криза ќе нема, но ќе има реални проблеми

Енергетска криза во Македонија нема, но ќе има реални проблеми кои ќе произлезат од блокадата на сметката на „Макпетрол“, изјави денеска министерот за економија, Беким Незири. Тој додаде дека сите лиценцирани компании кои увезуваат нафта и нафтени деривати немаат проблем во набавката на потребните енергенси. Но, „Макпетрол“ е најголем дистрибутер поради широката дистрибутивна мрежа. – Нема да има проблем во...

Дел од вработените во „Макпетрол“ примиле плата

Вработените во „Макпетрол“ примиле плата пред крајот на работниот ден и тоа на оние кои имаат трансакциски сметки во Комерцијална банка, дознава „Мета“ од неофицијални извори. Исто така, неофицијално, плата добиле и вработените од другите компании на „Макпетрол“, „Оилко“ и „Телма“. Иако се обидовме, не добивме официјален став од компанијата за исплатата на плати на вработените.

ЛП: Да се одмрзне сметката на „Макпетрол“, за да се спречи енергетска криза

Во услови на се поизвесна ескалација на состојбите во снабдувањето со нафта и енергенси, Либералната партија (ЛП) повторно ги упатува прашањата на кои ВМРО-ДПМНЕ, Владата и ресорното министерство се уште не одговориле од саботата, 15 август. Од Либералната партија прашуваат, „која е потребата од замрзнување на банкарските сметки на „Макпетрол“ ако кривичните пријави се однесуваат на физички лица?“ „Ако наводното дело е...

Кризата со гасот може да биде поголема од кризата со бензини

Блокираната сметка на „Макпетрол“, повеќе може да предизвика криза во однос на испораката на гас, отколку на бензини, сметаат експертите за енергетика кои ги контактираше „Мета“. Според Атанаско Тунески, професор на Машинскиот факултет и поранешен директор на МЕПСО, доколку се случи криза со бензините, таа ќе ја решат другите помали приватници кои ќе надоместат со зголемен увоз. Тој не очекува дека...

ЛДП: Зошто после 9 години владеење, МВР поднесува кривични пријави против „Макпетрол“ и „Оилко“

Либерално демократската партија (ЛДП) реагира по кривична пријава на МВР поднесена против 21 лице, поради наводно незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции „Оилко“. -Зошто после 9 години владеење, МВР, дури сега, во пресрет на предвремените парламентарни избори, поднесува кривични пријави против „Макпетрол“ АД и фирмата „Оилко“ КДА, во чија сопственост е и телевизијата Телма?,-...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...