сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Ивица Дачиќ | 69 резултати

Дачиќ го повика Вучиќ да се кандидира за претседател на Србија

февруари 12, 2017

Потпретседателот на српската влада и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека на претседателските избори победа во првиот круг, како кандидат на владејачката коалиција, може да обезбеди само актуелниот премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, кого го повика да донесе „рационална одлука“. „Го повикувам Вучиќ да донесе […]

Дачиќ не попушта: Дали денеска ја посетив Македонија или БЈРМ, зависи од нив

февруари 9, 2017

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, преку весникот „Блиц“ одговори на прашањето „дали знае во која земја доаѓа, Македонија или БЈРМ“, што денеска му беше поставено од медиумите во Скопје, откако тој неодамна рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото […]

Попоски: Дачиќ добро знаеше во која земја е дојден

февруари 9, 2017

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, добро знаеше во која земја доаѓа, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Дачиќ знае која земја ја посетува. – Да, добро знаеше каде дошол и не е единствениот во Србија што знае која е оваа земја. Ги поканувам да дојдат и да […]

Во МНР почна министерскиот состанок за Западен Балкан

февруари 9, 2017

Шестиот неформален состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика од Западен Балкан утринава почна во зградата на Министерството за надворешни работи, a домаќин на средбата е шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. На првата пленарна седница учествуваат министрите за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, на Косово, Енвер Хоџа, и на Србија, Ивица […]

МНР: Политичарите во регионот да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија

февруари 3, 2017

Министерството за надворешни работи денеска им порача на политичарите од регионот да се фокусираат на решавање на проблемите на своите граѓани, наместо да се мешаат во внатрешните работи на Македонија. „Би потсетиле дека во Македонија има избрани претставници од граѓаните. Тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки. Би било добро македонскиот концепт на мултикултурна интеграција […]

Дачиќ: Харадинај е тест за Европа

јануари 26, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека случајот со некогашниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај, кој во Франција беше уапсен по српската потерница за воени злосторства, е тест за Европа. – Ако политичките одлуки се поважни од тоа дали некој е воен злосторник или не, се поставува прашањето дали казнувањето воени […]

МНР за „Мета“: Дачиќ се плаши изливите на шовинизам да ги насочи кон големите сили

јануари 21, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се плаши своите изливи на шовинизам да ги изрази кој најголемите сили кои го признаа Косово, па затоа се конфротира со најмалите земји во Европа, велат за „Мета“ од Министерството за надворешни работи на Македонија, по последната изјава на шефот на српската дипломатија во која се прашува […]

Дачиќ: Ако ви е навредливо БЈРМ, зошто седите во ОН, ЕУ, ОБСЕ и во Советот на Европа?

јануари 20, 2017

За Србија е навредливо користењето на називот „Република Косово“, изјави денеска шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на Министерството за надворешни работи на Македонија да не се користи референцата БЈРМ, затоа што е навредлива. – Ние бараме обостран коректен однос. Ако веќе протестираат поради признаницата за патарина, што би требало ние да […]

Вучиќ им забрани на министрите да ги коментираат случувањата во регионот

јануари 19, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека премиерот Александар Вучиќ на сите министри, државни функционери и службеници им забранил да ги коментираат случувањата во регионот, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. „Премиерот нè замоли да му овозможиме, поради сериозноста на темите и на регионалните односи, тој да одговара на прашањата во […]

Дачиќ: Албанската дијаспора планира заземање на српски дипломатски претставништва

јануари 9, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека има информации дека во албанската дијаспора се планира заземање на некое дипломатско-конзуларно претставништво на Србија во САД или Европа за Србија да биде принудена да се откаже од барањето за судење на поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај. Дачиќ рече дека тоа покажува дека албанските […]

ОМД бара Дачиќ да се извини за изјавата за Македонија

јануари 6, 2017

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди изјавата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дадена на почетокот на оваа недела, во која, тој изрази жалење што Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. „Сметаме дека ваквите испади, чија цел е собирање евтини политички поени воопшто не му доликуваат на министер на држава […]

Грчки медиуми: Црвен картон од Србија за Скопје!

јануари 5, 2017

Голем број грчки медиуми ги пренесоа изјавите на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име. „Српско МНР: Направивме грешка што БЈРМ ја признавме под уставното име“, „Изјава на српскиот премиер за шамарот кон Грците – Не требаше да ја признаеме БЈРМ под уставното име“, […]

Дачиќ ги влошува односите со Скопје, добива пофалби од Грција, пишува „Вечерње новости“

јануари 5, 2017

Изјавата на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име, наиде на воодушевување од официјална Атина, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“. Весникот наведува дека изјавата на Дачиќ во Грција добила голем публицитет и оценува дека „конечно довела до опуштање на односите со Атина, кои во […]

Заканите на Дачиќ се пукање во празно, оценува српски „Блиц“

јануари 4, 2017

„Пукање во празно“ би можеле да се наречат „заканите“ на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на сметка на соседните држави, Црна Гора и Македонија, коментира денеска српскиот весник „Блиц“. Дачиќ во новогодишното интервју за „Бета“ наведува дека Србија игра конструктивна улога во решавањето на проблемите во регионот и дека не станува збор за некаква […]

Дачиќ ја спушта топката: Пријателството треба да се почитува и во Скопје и во Белград

јануари 3, 2017

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека сe согласува со ставовите со македонското Министерство за надворешни работи оти не треба да се урива пријателството меѓу Србија и Македонија и додаде дека тоа треба да важи и во Белград и во Скопје, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. По повод реакцијата на македонското МНР на […]

МНР до Дачиќ: Да не се урива пријателството меѓу граѓаните на Србија и на Македонија

јануари 3, 2017

Политичарите треба да ги продлабочат пријателските односи што постојат меѓу граѓаните на Србија и на Македонија, а не да го уриваат обостраното пријателство, реагираат од Министерството за надворешни работи на Македонија, по изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, дека официјален Белград направил историска грешка признавајќи ја Македонија под уставното име, бидејќи Македонија го признала Косово […]

Дачиќ е пресметлив националист кој отвора нови фронтови, реагира српската ЛДП

јануари 3, 2017

Ивица Дачиќ со своите најнови изјави свесно ги нарушува односите во регионот и повторно предизвикува и провоцира реакции од земјите од соседството, се вели едното од двете соопштенија на српската Либерално-демократска партија, како реакција на интервјуто на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во кое тој, меѓу другото, изјави дека Србија направила голема грешка со признавањето […]

Дачиќ: Србија погреши што ја призна Македонија под уставно име

јануари 2, 2017

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. – Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им удривме шамар на нашите […]

Дачиќ: Србија не е задоволна од состојбата во регионот

декември 27, 2016

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Србија не е задоволна од состојбата во регионот, особено во Хрватска, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Дачиќ оценил дека политичката клима во регионот не е во правец на меѓусебно помирување. – Една од главните насоки на надворешната политика на Србија е регионалниот аспект, покрај нашата желба да […]

Дачиќ: Нема да има референдуми за одвојување на Војводина и за спојување на Косово

септември 30, 2016

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска ја отфрли можноста за одржување референдуми за одвојување на Војводина од Србија и за спојување на Косово кон Албанија. – Референдумот во Војводина секако не е можен затоа што за тоа треба да се донесе одлука, а оние кои го предлагаат тој референдум немаат мнозинство да донесат одлука ни […]

Страна 3 од 4