fbpx
Таг: Ивица Дачиќ

таг: Ивица Дачиќ

Дачиќ: Порака за Македонија – знаеме што сте договарале

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека одлуката на Србија да го повлече персоналот од амбасадата во Македонија всушност преставува порака до Скопје дека Србија „знае што се договарале и што се договориле“. Тоа, како што истакна Дачиќ, не е нешто што им се прави на пријателите, но дека и покрај тоа Србија сака добри односи со сите...

Владатa без избрзани заклучоци ги поздрави најавите на Белград за пријателски односи

Владата попладнево соопшти дека без да носи избрзани заклучоци во врска со повлекувањето на целокупниот персонал од амбасадата на Србија во земјава на консултации во Белград, ги поздравува најавите на официјален Белград за „заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“ „Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Новата Влада на Република Македонија е...

Кој за што, Дачиќ за името: Србија може да го смени ставот за признавањето на Македонија

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ порача дека Србија би можела да го промени ставот во врска со примената на уставното име на Македонија, доколку официјално Скопје го смени својот воздржан став и го поддржи влезот на Косово во УНЕСКО, пренесува српската државна телевизија, РТС. - Доколку Македонија навистина гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, иако е свесна колку...

Вучиќ нема намера да го демантира Дачиќ за изјавите за Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Солун изјави дека нема да ги демантира неодамнешните изјави на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, дека Србија направила грешка што ја признала Македонија под уставното име. - Да сакав да го критикувам или демантирам Дачиќ, тоа со леснотија ќе го направев. Но, очигледно е дека тоа не го направив - рече Вучиќ, по...

Дачиќ: Како ќе се однесувате вие со Србија, така ќе се однесуваме ние со вас

Како вашата држава ќе се однесува кон Србија, така и ние ќе се однесуваме кон вас, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, пренесува „Вечерње новости“. - Повеќепати им кажав на македонските претставници: Како вашата држава ќе се однесува кон Србија на меѓународната политичка сцена и во организациите, така и ние ќе се однесуваме кон вас - изјави Дачиќ, кој...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема полза од тоа што Димитров жали за изјавата на Дачиќ

Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име, порача ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Партијата ја обвини новата власт дека работи против интересите на Македонија. „Катастрофалната меѓународна политика на Заев и на Димитров, која има заеднички...

Димитров му порача на Дачиќ: Во регионот растеме и паѓаме заедно

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, изрази жалење поради изјавата на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека Белград направил грешка што ја признал Македонија под уставното име. - Жалам за изјавата на Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија, и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа...

Дачиќ не знае географија или провоцира: Србија немала територијални претензии кон Грција!

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по состанокот со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, во Атина изјави дека Србија направила грешка кога пред 20 години ја признала Македонија под уставно име. - Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно спрема Грција, а Скопје секогаш имаше...

Дачиќ: Кризата во Македонија ескалира поради проектот „Голема Албанија“

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска оцени дека бебедносно-политичката ситуација во светот, но и во регионот е влошена. Тој наведе дека во многу земји од регионот се зајакнал национализмот, а политичката сцена се радикализирала. - Тоа особено беше видливо во Хрватска и во БИХ во текот на 2016 година. На почетокот од 2017 година дојде до ескалација на кризата во Македонија, во...

Дачиќ: Зошто ви пречат српските, а не американските, германските и другите разузнавачи

Многу интересно е што, како што пишуваат некои медиуми, во македонското Собрание во текот на нередите имало и претставници на други странски служби, но Македонија не ги повика нивните амбасадори на разговор, рече шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. Тој нагласи дека амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ, имала коректен разговор во македонското Mинистерство за надворешни работи, каде беше...

Дачиќ: Живаљевиќ требаше да извести дали во Собранието има српски државјани

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, изјавил денеска дека службеникот на Амбасадата на Србија во Македонија и припадник на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Горан Живаљевиќ, со влегувањето во Собранието на Македонија на 27 април, за време на инцидентите, не го прекршил дипломатскиот протокол, ниту ја нарушил Виенската конвенција, туку само си ја вршел работата. „Не учествуваше во кривично дело, само известуваше...

Дачиќ го обвини Заев дека ги нарушува односите помеѓу Белград и Скопје

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, го обвини мандатарот за составување на новата влада на Македонија, Зоран Заев, дека со своите изјави ги нарушува односите помеѓу Белград и Скопје и наведе дека „навредите што Заев ги упатува на српското раководство секако ќе влијаат на билатералните односи“. „Србија не се меша во внатрешните прашања на другите држави и сака добри односи со...

Дачиќ: Заев брутално и скандалозно ја навреди власта во Србија

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска остро го критикуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради неговата изјава за српски „Курир“, во која вели дека во Србија владее националистички раководство. - Не знам со што Александар Вучиќ и владата на Србија го заслужија овој брутален и скандалозен напад од претендентот за местото македонски премиер, Зоран Заев. Зар не...

Дачиќ: Србија може да го уапси Мислиу, но тоа не е паметно

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека државата би можела да го уапси претседателот на собранието на општина Бујановац, Јонуз Муслиу, поради закани, но дека сепак тоа не е паметно затоа што може да предизвика дополнителна штета. Муслиу, кој е претседател на Националниот совет на Албанците, неодамна изјави дека Прешевската Долина е територија која „бара ослободување“ и...

Дачиќ: Кризата во Македонија е регионален проблем

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека политичката криза во Македонија не е само локален, туку и регионален проблем и дека меѓународната заедница не интервенирала за да дојде до компромис туку за да се прифати една опција. - Ситуацијата не е добра. Србија ќе помогне колку што може, но ние можеме само да апелираме за мир и...

Дачиќ одговори на амбасадорите на САД: Дали ќе реагиравте вака ако го споменаа Скопје?

Како опасни, а не „невнимателни“ ги оквалификува денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Косово, Хашим Тачи, и на Јонуз Муслиу, градоначалникот на општина Бујановац, за обединување на сите Албанци и за создавање на „голема Албанија“. Со тоа тој одговори на амбасадорите на САД во Белград, Приштина и во...

Дачиќ ги повика ЕУ, САД и Британија да реагираат на изјавите за „голема Албанија“

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Европската Унија, САД и Велика Британија ќе бидат директно одговорни за последиците доколку не реагираат на последните изјави на албански политичари за соединување на Албанија, Косово и на три општини од југот на Србија, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Во реакција на изјавата на претседателот на општината Бујановац,...

Дачиќ: Изјавата на Рама е потврда дека „голема Албанија“ е платформа на сите Албанци

Изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, за обединувањето на Албанија и на Косово е уште една потврда дека создавањето на „голема Албанија“ е заедничка платформа на сите Албанци, што претставува најголема закана за мирот и за стабилноста на Балканот и во Европа, оцени денеска првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ. - Ја прашувам...

Дачиќ: Не е дека не ме интересира премиерското место, но за тоа ќе одлучи Вучиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека би излажал кога би рекол дека не го интересира функцијата премиер, но додаде дека за одлуката за тоа кој ќе биде премиер на Србија, ќе ја донесе Александар Вучиќ заедно со Српската наредна партија, по претседателските избори. Дачиќ повтори дека за тоа сè уште не разговарал со актуелниот премиер, Александар...

Вучиќ: Нема да има вонредни парламентарни избори заедно со претседателските

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да има вонредни парламентарни избори заедно со претседателските бидејќи, како што рече, за тоа нема причина. Вучиќ, кој ќе биде кандидат на владејачката коалиција на претседателските избори, за Радиотелевизија на Србија (РТС) рече дека не постојат причини за одржување на вонредни парламентарни избори. - Србија е стабилна економија. Потребен е пораст, сериозност,...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...