fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Метаморфозис го презентираше истражувањето за геополитичката перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан

Истражувачкиот извештај “Геополитичка перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан” на Фондацијата Метаморфозис денеска беше презентиран во Тетово, во просториите на Future Skills Center при Универзитетот на Југоисточна Европа, пишува Порталб.мк. Директорот за партнерство и развој на ресурси од Метаморфозис, Филип Стојановски објасни дека главната цел на овој извештај е да се истакнат дезинформациите и малициозните надворешни влијанија во земјата...

Кијив демантира: „Поделбите“ меѓу военото и политичкото раководство на Украина се руски наратив

Наводите за наводен раздор меѓу военото и политичко раководство на Украина се дезинформација, односно руски наратив, изјави денеска Људмила Дарахан, државен секретар во Министерството за одбрана на Украина, во изјава за украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во интерес на Русија е да ја дестабилизира ситуацијата во Украина, порачува таа. „Ова е руски наратив. Ова отсекогаш се случувало. Се сеќавате...

Баркодот не ја означува земјата на потекло на производот

Во објавата што ја рецензираме невистинито се сугерира дека ако баркодот на производот почнува со цифрите 729, тоа значи дека тој е произведен во Израел, што според компанијата која ги доделува баркодовите не е точно. Цифрата 729 само означува дека баркодот бил доделен од организација во Израел, а самиот производ можел да биде направен каде било во светот. Така...

Студенти од Харвард го напуштија предавањето на израелскиот конзул, но во 2019 година

Оваа случка навистина се случила, меѓутоа не сега – ноември 2023 година и не како знак на солидарност со повеќе од 4 илјади брутално убиени деца, како што тврди објавата на Фејсбук, туку во 2019 година. Видеоматеријалот е објавен од страна на медиумот Middle East Eye, на 14 ноември 2019 година. Така што, настанот прикажан на видеото воопшто не...

Шолц не глумел дека имало ракетен напад пред да го напушти аеродромот во Тел Авив

Не може да се каже дека сите медиуми биле ставени во корист на некаква си пропаганда на Нетанјаху, како што тврди објавата. Од видеата јасно се слушаат сирените за воздушен напад и се гледаат ракети (според пишувањата тоа се ракети од противвоздушната одбрана на Израел кои ги одбиле ракетите на Хамас). Обезбедувањето на германскиот канцелар, според безбедносните протоколи морало...

Новинарите за борбата против дезинформации: И институциите и медиумите се одговорни

Дезинформациите се сериозен проблем прават голема штета. Тие придонесуваат за раздор во општеството. Потребно е институциите да се потранспарентни, а нивото на уредничка одговорност во медиумите да е повисоко. Ова е заклучокот по денешниот вебинар на тема „Проверка на факти и разоткривање на дезинформации - новинарски искуства“, на кој говореа новинарите Гоце Трпковски од „Призма“, Антонија Поповска од новинската агенција...

ДЕБАТА: Српските таблоиди и дезинформациите најголем проблем за новинарите од Западен Балкан

Говорот на омраза, таблоидното и клик бејт новинарство, личните податоци и етиката во новинарството се само дел од темите на кои два дена се дебатира на регионалниот состанок на саморегулаторните тела од Југоисточна Европа што се одржува во Белград. Новинари, медиумски работници, професори, експерти и членови на саморегулаторните тела дискутираат и наоѓаат решенија за клучните проблеми кои од локални...

Дезинформации се шират за парното во „Стив Наумов“, студентите сега имаат греење

Парното во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје е во функција, а дефектот што се појавил во парноводната мрежа бил саниран уште минатата недела. Информацијата дека студентите се оставени без греење до денес и дека нема да се поправи парното не е точна, вели за Мета.мк директорот на Државниот студентски дом Скопје, под чија капа е и „Стив Наумов“,...

Во вакцините против ковид нема графен оксид

Неправилно протолкуван документ и неколку видеоматеријали, од кои некои не ни прикажуваат графен оксид, се искористени за да се заплашат граѓаните дека со вакцинацијата против ковид-19, во телото ќе примат графен оксид и дека истиот реагира на 5Г мрежата. Но, ова не е вистина. Вакцината против ковид на Фајзер не содржи графен оксид, ниту пак, има корелација меѓу неа...

Неточна е веста за обид за атентат врз палестинскиот претседател Махмуд Абас

Видеото кое стана доста вирално, а за кое се тврди дека го прикажува нападот врз конвојот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, всушност е видео од престрелка меѓу палестинската полиција и дилери на дрога. Генералниот политички комесар и официјален портпарол на палестинскиот безбедносен естаблишмент, генерал-мајор Талал Двејкат, соопшти дека шест палестински безбедносни офицери се повредени, од кои еден потешко, додека...

Вебинар за проверка на факти и разоткривање дезинформации ќе се одржи на 20 ноември

Вебинарот „Проверка на факти и разоткривање на дезинформации - новинарски искуства“ ќе се одржи на 20 ноември, со почеток од 11 часот. На онлајн настанот ќе говорат Владимир Петрески - главен уредник на порталот за јавна отчетност, транспарентност и проверка на факти, Вистиномер, Елида Зулбеари - главна уредничка на порталот Порталб.мк, Антонија Поповска - новинарка во Мета.мк и Гоце...

Во Тел Авив имало масовни протести против Нетанјаху, но во март, а не сега

Објавата што ја анализираме манипулира така што старо видео од масовни протести во Тел Авив против премиерот Нетанјаху, претставено како да прикажува нови протести во време кога е актуелна војната во Појасот Газа. Од нападот на Хамас на 7 октомври, во Израел се одржале неколку протести, но тие се далеку од масовни, бидејќи јавноста е незадоволна што премиерот не...

Оваа потресна фотографија не е од Газа, туку е креирана со вештачка интелигенција

Неколку експерти за дигитална форензика забележуваат дека фотографијата има недостатоци, односно траги кои јасно укажуваат на тоа дека е креирана со вештачка интелигенција. Притоа посочуваат на неправилности во рацете и нозете, како и на начинот на кој фигурите се вклопуваат во околината. Фотографијата стана исклучително вирална во светски рамки поради нејзината емотивна, потресна содржина која ја отсликува катастрофата и...

Европската комисија бара поголеми напори во борбата против дезинформации

Европската комисија препорачува С. Македонија да вложи дополнителни напори во затворање на просторот за странско мешање и манипулација со информации, вклучително и дезинформации, како и да преземе активности за градење општествена отпорност против ваквите и други форми на хибридни закани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:       Во годишниот Извештај на Европската комисија за Северна Македонија се...

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку кажа дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи рече дека, по правило, сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да...

Со старо видео погрешно се прикажува дека Макрон бил погоден со јајце во Египет

Видео од 2017 година снимено во Париз, на кое се гледа дека францускиот претседател Макрон бил погоден со јајце, погрешно се претставува дека е наводно од Египет. Неодамна Макрон го посети Египет во контекст на проблемите во Газа, меѓутоа средбата со египетскиот претседател помина во процедурален ред без никакви инциденти, наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме, пишува „Вистиномер“...

Дезинформација е дека Фејсбук ќе наплаќа 4,99 долари месечно за да го користите

Во објавата се споделува невистинита информација дека Фејсбук воведува тарифа од 4,99 долари месечно за да може да го користите. Центарот за поддршка на Фејсбук наведува дека не им се наплаќа на корисниците за да го користат, туку им се наплаќа на огласувачите да прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи на компанијата Мета. Што се однесува...

(ИНТЕРВЈУ) Тардагила: Новинарството е најдобрата професија во светот, а проверувачите на факти се неопходни

Кристина Тардагила е една инспиративна и енергична новинарка од Бразил, која е основач на Aгенцијата Лупа, првата иницијатива за проверка на факти во нејзината земја. Таа е поранешна директорка на Меѓународната мрежа за проверка на факти. Како новинар и/или уредник, Тардагила има работено во некои од најважните медиумски компании во Бразил и има објавено две книги. Благодарение на нејзиниот...

Оваа фотографија не е снимена за време на ослободувањето на Скопје

Можеби оваа фотографија не се споделува намерно за да се манипулира со јавноста, но, сепак, таа заедно со описот прикажува нешто што не е вистина. Фотографијата сама по себе е автентична, ама во комбинација со напишаниот текст претставува манипулација, бидејќи таа не ја прикажува атмосферата на денот на ослободување на Скопје – 13 ноември 1944 година. Она што паѓа...

Дезинформациите околу Израел ги поклопуваат дезинфо наративите за Украина

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...