fbpx
Таг: дејвид камерон

таг: дејвид камерон

Штајнмаер: ЕУ не смее да падне во депресија по Брексит

Европската Унија не смее да падне во депресија и да биде парализирана по одлуката на Велика Британија за излегување од Унијата, изјавил германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по пристигнувањето на итниот состанок на шесте земји членки, основачи на ЕУ, во Берлин. Тие на состанокот треба да разговараат за забрзувањето на претстојниот процес за напуштање на Британија на Унијата,...

Камерон најави оставка, Шкотска и Северна Ирска размислуваат за отцепување

Дејвид Камерон утрово соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер до октомври, откако граѓаните на Велика Британија изгласаа земјата да ја напушти Европската Унија. Во говорот по одлуката на Британците за Брексит, Камерон рече дека волјата на британскиот народ мора да се почитува и оти тоа е упатство што мора да се почитува. Тој рече дека треба да се избере нов...

Камерон: Излегувањето од ЕУ ќе предизвика тешки последици за британската економија

Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе биде „билет во еден правец“ и ќе предизвика тешки последици за британската економија. Камерон, во интервјуто за „Сандеј тајмс“, ги обвини сопартијците Мајкл Гоув и поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кои се залагаат за излегување од ЕУ, дека користат „целосно неточни податоци“. – Првото е дека...

Камерон: Заговорниците на „брексит“ ги лажат гласачите

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги обвини заговорниците за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија дека ги лажат гласачите, но додаде дека не е загрижен дека приврзаниците за останување во Унијата ќе ја загубат трката. Анкетите даваат мешани прогнози, но обложувачките квоти за одлука за излез од Унијата на референдумот на 23 јуни се смалија од 4:1 на 2:1. Камерон, кој...

Камерон: Нема контрола за мигрантите ако излеземе од ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека контролата на мигрантската криза е можна само доколку Велика Британија остане во Европската Унија. Како што рече тој, целосно лудо е да се помисли дека контролата е можна со гласањето за напуштање на Унијата. Камерон додаде дека неговата идеја за смалување на бројот на мигранти на помалку од 100.000 може да се спроведе и со останување...

Трамп: Ако станам претседател, нема да имам добри односи со британскиот премиер

Кандидатот за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп, изјави дека доколку победи, најверојатно нема да има добри односи со премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, бидејќи тој ја отфрлил неговата идеја за забрана за влез на муслимани во САД, нарекувајќи ја „глупа и погрешна“. Камерон го критикуваше Трамп во британскиот парламент поради неговиот став за муслиманите и порача дека Велика...

Камерон: Излегувањето од ЕУ го зголемува ризикот од војна

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, денеска предупреди дека излегувањето на земјата од Европската Унија ја зголемува опасноста за војна во Европа и оти државата ќе плати голема цена ако ѝ заврти грб на 28-члената унија. Говорот на Камерон беше дел од националната кампања во пресрет на референдумот за останување или излегување од ЕУ, која влегува во последните недели. Премиерот рекол...

Обама на средба со европските лидери за економски и за безбедносни прашања

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Германија ќе се сретнат со францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и со британскиот премиер Дејвид Камерон. На состанокот, кој е оценет како мини-самит, лидерите ќе разговараат за борбата против Исламска држава во Ирак и во Сирија, бегалската криза, британскиот референдум за членството во ЕУ и за...

Камерон: Обвинувањата дека сум вмешан во „Панама пејперс“ се болни и невистинити

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, ги отфрли како „болни и длабоко невистинити“ обвинувањата дека избегнувал да плаќа данок и неговата вмешаност во аферата „Панама пејперс“. Во обраќањето во Долниот дом на британскиот парламент, Камерон изјави дека неговиот татко основал офшор-компанијата на Бахамите поради инвестициски цели и дека не е точно дека сакал да одбегне да плаќа данок. - Компанијата „Блејмор холдингс“ е...

Лондон бара копија од „Панама пејперс“

Британската влада побара денеска копија од податоците што протекоа во медиумите за клиентите на адвокатската фирма од Панама, за да може да ги проучи тие информации и да дејствува по повод евентуално затајување данок. Во документите се објавени податоци на неколку стотини илјади клиенти на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“, а во еден од документите е споменат и Ијан Камерон, покојниот татко...

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот поради неизвесноста во поглед на потенцијалното излегување на Обединетото Кралство до Европската унија, пренесува „Би-Би-Си“. При тргувањето, фунтата ослебела за 1,4 отсто во однос на доларот, со што продолжи неколкумесечното слабеење. Спрема јапонскиот јен, фунтата од 162,40 јени во петокот, денеска падна на вредност од 160,40 јени, што е најниско ниво од...

Камерон пред парламентот ќе го претстави договорот со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон пред парламентот ќе го претстави договорот што во петокот го постигна со своите европски партнери, четири месеци пред најавениот референдум за останувањето или излегувањето на Британија од Европската унија. Камерон се надева дека Британците ќе гласаат за останување во Унијата на референдумот на 23 јуни, иако не го придоби лондонскиот градоначалник Броси Џонсон, кој се приклучи кон...

Референдумот за членството на Британија во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни

Британскиот премиер денеска, по состанокот со неговиот владин кабинет, соопшти дека референдумот на кој ќе се одлучува за останување или излегување на Велика Британија од членството во Европската унија (ЕУ), ќе се одржи на 23 јуни оваа година, јавува „Би-Би-Си“. Камерон, како што пренесува британскиот национален сервис, изјавил дека тој ќе води кампања за останување на Велика Британија во реформираната...

Камерон и Брисел постигнаа договор за „специјален статус“ на Велика Британија во ЕУ

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон и Европската унија постигнаа договор за останување на земјата во унијата, кој, како што соопшти синоќа претседателот на Евроскиот совет, Доналд Туск бил едногласно поддржан од сите 28 членки на ЕУ. „Постигнат е договор. Едногласна поддршка за новиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ“, напиша Туск на својот твитер-профил. Претседателот на Европскиот совет навел дека,...

Туск ги објави отстапките за Британија, Камерон го поздрави напредокот

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на јавноста ѝ ги претстави клучните предлог-реформи што би требало да обезбедат опстанок на Британија во Европската унија, вклучувајќи ја и опцијата земјата на четири години да ја укине социјалната помош за мигрантите, како и заштитни мерки за држави кои не се членки на еврозоната. „Да се биде или да не се биде заедно, тоа...

Камерон најави остри мерки против Русија

Велика Британија ќе преземе остри мерки против Русија по објавените резултати од истрагата за смртта на Александар Литвиненко, соопшти британскиот премиер Дејвид Камерон. Британските истражувачи во извештајот заклучиле дека убиството на поранешниот шпион Литвиненко, кој е отруен со радиоактивен полониум-210 во Лондон во 2006 година, веројатно го „одобрил“ рускиот претседател Владимир Путин. Камерон го оквалификува убиството како „апсолутно застрашувачко“ и нагласи...

Камерон ќе им дозволи на министрите да водат кампања за излез од ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе им одобри на своите министри да водат кампања за излегување од Европска унија на претстојниот референдум, објави „Би-Би-Си“, не наведувајќи ги изворите. Камерон бара нови преговори за нови услови за членството на Велика Британија во ЕУ, тврдејќи дека сака да останат во реформиран европски блок. Сепак, како што вели, не може ништо доколку не се...

Лидерот на лабуристите против вклучувањето на Британија во војната против ИД во Сирија

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, испратил писмо до членовите на парламентот од неговата партија во кое вели дека не го поддржува планот за вклучување на Велика Британија во воздушните напади против Исламска држава (ИД) во Сирија, јавува „Би-Би-Си“. Корбин во писмото ги отфрлил тврдењата на британскиот премиер Дејвид Камерон дека бомбардирањето на цели на ИД ќе ја направи...

Камерон: Британија треба да се приклучи на коалицијата против ИД

Британскиот премиер Дејви Камерон во обраќањето пред парламентот рече дека Велика Британија треба да се приклучи на меѓународната коалиција во воздушните напади против исламистите на Исламска држава во Сирија. - Милитантите се закана за нашиот начин на живот – рече Камерон. За барањето на Камерон, парламентот ќе одлучува следната недела. Во понеделникот Камерон ѝ одобри на Франција да ја користи британската воздухопловна база во...

Велика Британија ќе вработи нови 1.900 агенти за безбедност

За да се спротистави на опасноста од терористички напади по крвавите настани во Париз, Велика Британија дополнително ќе вработи 1.900 агенти во безбедносните и во разузнавачките служби. Ваквиот потег е најголем пораст на ангажирањата во британската безбедносна служба по бомбашките напади во Лондон во 2005 година, кога беа убиени десетици луѓе. Мерките денеска официјално ќе ги објави британскиот премиер Дејвид Камерон. - Одлучен...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...