Таг: 8 Септември
таг: 8 Септември
Центар за третирање на спортски повреди денеска се отвори во ГОБ „8 Септември“
Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска се отвори Центар за спортски трауматизам кој првенствено е наменет за професионални спортисти како и останатите пациенти со спортски повреди. Овие пациенти би имале приоритет како по однос на ортопедски преглед така и во однос на радиолошките и лабораториски испитувања.
„ Во однос на просторот, за почеток, центарот ќе функционира во рамките на...
Тилерсон: Работиме 26 години заедно во поддршка на аспирациите на Македонија
Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, ја честиташе 26-годишнината од независноста на Република Македонија. Tој во име на Владата на САД изрази најдобри желби за луѓето во Македонија.
„Работиме заедно 26 години во поддршка на аспирациите на Македонија за влез во Европската Унија и во НАТО. Ја поздравуваме акцијата што ја презеде новата Влада да ја демонстрира посветеноста кон демократските...
Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК
„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК. Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот и претседател на СДСМ,...
Македонија одбележува 26 години независност
Република Македонија денеска одбележува 26 години од референдумот на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, повеќе од 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 Септември 1991 година позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
На референдумот му...
Претседателот Иванов и Груевски го честитаа Денот на независноста
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
„По многувековни борби, незапирливиот македонски стремеж за слобода го остваривме на 8 Септември 1991 година. На 8 Септември ние не гласавме за различни партии, туку за една и единствена заедничка Република Македонија. Гласавме за држава во...
Распоред на настани, свечености и прослави за Денот на независноста
Денеска и утре во Скопје ќе се одржат централните свечености по повод прославата на 8 Септември - Денот на незавиноста, кој годинава се одбележува под мотото „Македонија слободна, слободно живее“.
Денеска:
13 часот: Свечено менувањето на државното знаме пред кабинетот на претседателот на државата во Вила Водно;
17.30 часот: Централната прослава почнува пред Владата, со изложби, театарски претстави и со настапи на гудачкиот...
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за болницата „8 Септември“
„СДСМ нема кредибилитет да зборува за болницата „8 Септември“, старата воена болница, која СДСМ ја остави на забот на времето, без ниту еден нов апарат, без ниту една закована шајка за реконструкција на болницата, без ниту еден доктор на едукација или воведена нова метода во болницата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека оваа...
Македонија слави 25 години независност
Република Македонија денеска го одбележува 8 Септември - Денот на независноста. На денешен ден во 1991 година, се одржа референдумот на кој граѓаните со убедливо мнозинство, кое надминуваше 95 отсто, се изјаснија за самостојна и независна држава, одговарајќи позитивно на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
Претходно, на...